Вработените во Витаминка го добија регресот за годишен одмор, познатиот К - 15. Витаминка е една од првите компании од приватниот сектор во Македонија што го исплати годишниот регрес.
Развој на регионалниот рурален туризам е целта на конференцијата што денеска ја организираат Централно - европската иницијатива (ЦЕИ) и Фондацијата Центар за жени претприемачи.
Своите претседателски кандидатури ги потврдија Даниела Арсовска, претседателка на Услужната комора, и Мирче Чекреџи, поранешен заменик претседател на ССК.
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Алкалоид, Живко Муакетов, се стекна со 1.800 обични акции издадени од Алкалоид.
За 31.660 фирми (правни лица и вршители на дејност) доставени се опомени поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари.
Во центарот на Тетово денеска свечено ќе биде отворен трговскиот центар РЕМ, инвестиција од 40 милиони евра и најголем трговски центар во западна Македонија.
Производителите на слатко од Македонија ќе имаат единствена можност да добијат автентичен дизајн и брендирање на производите.
Комисијата за берзански индекс на Македонска берза изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.
Со оваа манифестација Клубот Матица ќе ја најави и својата традиционална летна книжевна кампања “Со книга на плажа“, манифестација која годинава го прославува својот 15-ти роденден.
За корисниците е отворен посебен дел за веб корисничка поддршка наречен “Поддршка”, каде што содржините се поделени на неколку главни теми врз основа на барањата на корисниците.
Македонија е една од десетте земји каде што за прв пат доаѓа светски познатиот бренд за безбедно плаќање на интернет - PayPal.
Со набавувањето на оваа технологија Витаминка е единствена во Македонија која ќе произведува висококвалитетно чоколадо.
Со кампањата која го носи името “Подготви се за возбудлива кариера”, официјално започнаа и уписите на трите најсовремени академии за дизајн, мрежи и програмирање при Seavus едукативен и развоен центар.
Хидроелектричната централа Шпилје во првите пет месеци од оваа година произведе 69 милиони киловат часови електрична енергија.
Ќе се реализираат заеднички научно - стручни истражувања, размена на знаења, искуства и вештини преку одржување на континуирани средби, работилници, семинари, како и заеднички проекти за промоција на сите активности.
Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Турската компанија Суташ ја прошири палетата на производи во Македонија. Неодамна на македонскиот пазар Суташ го претстави својот нов производ - природниот Суташ путер.
Кондиторската фабрика Макпрогрес од Виница, во првите пет месеци од годинава оствари извоз од 3.308 тони производи во вредност од седум милиони долари, што претставува раст од 28% во однос на истиот период лани.
На пристаништето во Охрид, во вторник, 17 јуни, ќе биде воспоставена првата бродска линија меѓу Охрид и Поградец во Албанија.
Прво на пазарот се појавува белото вино Доменин Лепово Шардоне, чие годишно производство изнесува 5.000 литри. Од винарницата најавуваат дека до крајот на годинава ќе биде лансирано Домеин Лепово Пино Ноар, а портфолиото ќе биде заокружено со Домеин Лепово Гранд Куве.
Елена Петровска, Филип Конески и Драган Тренчевски ги изработија најинтересните решенија на велосипедски паркинзи.
Македонија во текот на 2013 година извезла кондиторски производи во висина од 34,1 милиони долари, што е за 19% повеќе во однос на претходната 2012 година.
Мобилните екипи на Управата за јавни приходи (УЈП) ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство.
Македонија се вклучи во глобалната кампања за промоција и унапредување на крводарителството.