На рудникот за бакар и злато Бучим од Радовиш му се изречени две глоби во висина од 123.000 евра. Едната е за непријавено истекување отпадни материи, а втората за пропусти во делот на Законот за работни односи и техничката заштита на вработените.
Велес располага со повеќе локации и капацитети кои можат да се искористат и да се понудат на странски инвеститори. Во тек се разговори со нови странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во овој регион.
Државна лотарија на Македонија, од денес ќе постави отворен пункт за оставање коверти за учество во наградната игра Фискална во рака - награда без мака, на Плоштад Македонија во Скопје на две локации.
Проектот за изработка на апликацијата траеше три месеци, а корисниците ќе можат да ја симнуваат преку Google play.
Земјоделскиот инспекторат денеска ја укина забраната за откуп на тутун на Прилепскиот тутунски комбинат, со што на Комбинатот му е дозволено од понеделник да продолжи со откупот на тутунот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 668.003 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува раст од 5,4%.
Од 1 февруари, г-динот Андреас Маиерхофер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје, а во исто време е избран и за претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.
Бизнисмени од Ирак од следната недела ќе бидат во посета на Македонија за да се запознаат со нејзините стопански потенцијали.
Индо минерали и метали во рок од десет дена треба да ја достави на увид техничката документација за покривање на бетонските канали за пренос на јаловина од технолошките процеси од флотацијата во рудникот Злетово
Земјоделците при средбите најмногу се интересираат за субвенциите за 2013 година и дали тие ќе продолжат и понатаму, а потоа за ИПАРД програмата и програмата за рурален развој чие аплицирање заврши на 15 јануари.
Централниот регистар во рамки на Отворените денови ја посети општина Гевгелија каде одржа презентација на проектите кои треба да им ги олеснат и поедностават работите на лицата кои се должни да изготвуваат и поднесуваат финансиски документи.
Досега соработувавме со Дрекслер Маер, Комберт и Шуберт во Битола, потпишавме договор и со Амфенол, а активно работиме и со компаниите кои треба да инвестираат во Кичево, Струга и Охрид
Македонија не е исклучена од влијанието и последиците од климатските промени и е една од земјите кои се сметаат за најзагрозени според проектот на Светската банка, каде спаѓаат и Албанија, Молдавија, Узбекистан и Таџикистан
Македонија во 2022 година да престане да произведува електрична енергија од јаглен, предвидува студијата изработена од проф. д-р Стефан Бужаровски и д-р Стивен Глин заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.
Во 2014 година ќе се финансираат 134 проекти за рурален развој, а за нив се одвоени 1,045 милијарди денари, што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет, истакна денеска заменик министерот за земјодество Зоран Коњановски.
Посебен акцент се става на новите услуги и проекти кои во последно време ги има преземно Централниот регистар со измените во Законот за трговски друштва, а со кои се овозможува регистрација на фирми само со еден чекор за нула денари.
Отсега жителите на општината имотните листови и останатите документи кои им се потребни од Агенцијата ќе можат да ги вадат од подрачната канцеларија.
Британскиот совет во Македонија огранизира регионална конференција за англискиот јазик во бизнисот на тема Англискиот јазик и вашиот бизнис
Акцентот на разговорите беше ставен на реализацијата на двата ИПА проекти од програмата за прекугранична соработка со Бугарија за кои општина Гевгелија доби 320.00 евра.
Седумдесет македонски фармери од денеска до сабота ќе го посетат земјоделскиот саем во Истанбул, Труција во организација на Федерацијата на фармери на Република Македонија и ТУЈАП ФЕРС.
За 2014 година се обезбедни финансиски средства за вработување на 587 лица кои се регистрирани во Агенцијата за вработување, но потешко се вклучуваат во пазарот на труд.
Просторот крај автопатот кон Грција, на потегот од Гевгелија до граничниот премин Богородица станува уште поатрактивен за инвеститорите откако општина Гевгелија ги намали за 95% давачките за комуналии.
Како што вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, чести се случаите кога лекарот ќе почине, а е сопственик на профитабилна ординација и неговиот персонал останува без работа.
Deutsche Telekom и Evernote го проширија партнерството на 12 пазари во Европа, меѓу кои е и Македонија.










