Индустриското производство во текот на минатата година забележа раст од 3,2%, а во декември 2013 година во однос на декември 2012 година забележа пораст од 9,5%, објави Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2013, изнесува 21.054 денари. Во ноември 2013 година, 2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2013 изнесува 30.902 денари.
Железницата до крајот на јули 2014 година ќе ги добие првите 75 нови товарни вагони.
Деведесет милиони денари или 1,5 милиони евра се одвоени за годинешната Програма за рибарство и аквакултура. Од нив, 21,6 милиони денари се наменети за рибарство, а 64 милиони за аквакултурата.
Општина Штип од утре започнува со доставување на 2.500 решенија за наплата на фирмарина за правните субјекти.
Заемот од 97 милиони евра треба да послужи за продолжување на модернизацијата во здравствениот сектор во земјата.
Според податоците од истражувањето, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 170.885. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици.
На ваквата одлука и претходеше вонредната седница на Одборот на водокорисници на Беровското езеро на која е констатирано дека нивото на водата е на биолошки минимум..
Со оглед на тоа дека се работи за богат крај со нафта, неразвиена индустрија, овој пазар е во фокус на многу производители.
Светска банка е оптимист во однос на состојбата со невработеноста во Македонија. Во изминатите години преземени се многу реформи во делот на политиките за вработување и очекуваме да видиме резултати.
Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се склучија првите пет договори согласно изменетата програма на ИПАРД за 2007-2013 година.
Општина Свети Николе започна со реализација на три проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој кои предвидуваат доизградба на канализациска мрежа во село Горобинци
Општината Каен од француската провинција Долна Нормандија, финансиски ќе ја поддржи изработката на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид.
На студентите им е неопходна активна соработка со компаниите за да бидат конкурентни на пазарот на труд. Од факултетите добиваат теоретска настава, но не и доволно пракса.
Let’sfundit.mk ќе дозволи објавување на проекти од следниве категории: Уметност, Стрипови, Земјоделство, Професионално танцување, Дизајн, Мода, Цивилно општество, Филм и видео, Храна, Игри, Музика, Издавачка дејност, Технологија, Tеатар, Start Up, Фотографија.
Од полноќ за половина денар поскапуваат малопродажните цени на горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2013 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на декември 2012 година.
Можностите за водење бизнис и поволностите што им се нудат на странските инвеститори ќе бидат презентирани пред околу илјада меѓународни компании и владини претставници кои присуствуваат на Самитот во Бангалор во Индија.
Општина Штип апелира до граѓаните кои се засегнати со легализација на бесправни објекти на земјоделско земјиште, што побргу да достават документација или истата да ја докомплетираат ако се пријавиле.
Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе финансираат неколку регионални инфраструктурни проекти од голема важност за Југозападниот плански регион.
Македонска берза од денеска привремено ја исклучи брокерската куќа ПЕОН брокер АД Скопје од членството во берзата.
Машинскиот факултет од Скопје и Техничкиот факултет од Битола ќе ги спроведуваат обуките за полагање на испити за енергетски контролори
Компаниите Далија-табак од Делчево и Соко-та од Битола од тутунопроизводителите во општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово до сега имаат откупено над 120 тони тутун.










