Министрите за труд и социјална политика на Македонија и Словенија, Диме Спасов и Ања Копач Мрак, одржаа средба на која се потпишаат измените на Договорот за социјални осигурување.
Ловот во ова државно ловиште се изведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори во светот. Во договорите се дадени ловни пакети за определени видови на дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира.
Досега се откупени повеќе од 16.000 тони тутун, додека просечната цена е 154 денари по килограм. Се очекува нејзино зголемување, бидејќи сега ќе се носат горните берби и поквалитетен тутун.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) по барање на на брокерската куќа Алта Виста Брокер АД Скопје, трајно и ја одзеде дозволата за вршење услуги со хартии од вредност.
Кредитните линии се наменети за финансирање проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Со новите седум услуги се предвидуваат реконструкции на дојки по мастектомија, трансплантација на црн дроб, кадаверични трансплантации на бубрези, ресинхронизациона терапија на срце, концентратори за оксигена терапија, детска кардиохирургија и наменска терапија за шизофренија.
Сметководителите ќе добијат повеќе време за составување на годишните сметки, ќе се надмине потребата од поседување на двојни дигитални сертификати, ќе се избегне двојно изготвување на сметките, како и групно плаќање на сметките.
Значително забрзување на кредитната активност е забележано во четвртиот квартал од минатата година, а особено е поизразено во последниот месец. При тоа забележана е и промена во структурата во полза на кредитите насочени кон корпоративниот сектор.
Собраните поени може да се користат за плаќање во која било продавница на партнерите, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба.
Скијачкиот центар ќе има 15 километри скијачки патеки, ќе биде на атрактивна локација на планината Галичица, а од центарот на Охрид до скијачкиот центар ќе се стигнува со жичница која ќе тргнува од автокампот Градиште.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува 102.5.
Рокот за достава на елаборати за легализација на дивоизградени објекти се продолжува до 31 декември 2015 година, а предвидено е и да биде продолжен и рокот за легализација на тераси пренаменети во станбен простор до 30 јуни 2015 година
На Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска ќе се одржи меѓународен семинар на тема Современи технологии за гасификација од биомаса и нивната практична примена.
Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки во Сојузот на стопански комори апелира да се пролонгира имплементацијата на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински помагала
Стартува проектот за гасификација на скопскиот регион со кој ќе бидат опфатени 17 општини. Инвестицијата од околу 100 милиони евра, ќе се реализира за пет години по принципот на јавно приватно партнерство.
Поради маглата, летовите на скопскиот аеродром Александар Македонски се одвиваат со задоцнување.
Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) најави дека од понеделник стартува со реализација на мерката Прва шанса. Оваа мерка е наменета за високообразовниот кадар, поточно за младите кои дипломирале во текот на 2012 и 2013 година.
Делегацијата остварила средба со една од најголемите индустриски индиски конгломерати, компанијата Махиндра&Махиндра, како и со компаниите Hinduja Global Solutions, Infosys и Mindtree
Пракса, работа и волонтирање prv.mk е првата мобилна апликација наменета за млади, на која можат да се најдат информации за вработување, стекнување работно искуство, волонтирање, но и за активните мерки и обуки за вработување.
Винер-Виена Иншуренс Груп во 2013 година забележа пораст на приходите и профитот за 8%.
Македонија доби 24 милиони долари од Светската банка (СБ) за поддршка и развој на вештините и иновациите. Проектот е одобрен вчера од Бордот директори на Светска банка.
Со i-bank store официјално започнува и прославата на 70 годишнината на Банката која ќе биде одбележана со повеќе настани и промоции.
Компаниите кои ќе се претстават се: Албатрос, Еуросолид, Виеми, Алекс, Верамонд, Алзама, Линеа и АСМ. На средбата, европските увозници ќе имаат одлична можност да се запознаат и воспостават деловни партнерства со македонските текстилни компании.
Работилница на тема Новини при вршење на инспекциски надзор со царинските постапки ќе се одржи денеска во просториите на Факултетот за прехранбена технологија и храна во Гостивар