Македонската компанија Урбан инвест ДОО Кавадари, склучи договор од 1,5 милиони евра со бугарската општина Браќа Даскалови.
Најсовремен центар за онкологија и радиотерапија, инвестиција од 12 милиони евра, денеска е отворен во Клиничката болница Аџибедем Систина.
Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија, 50,1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.
Воспоставувањето на ред во паркирањето на Пониква, поставувањето на информативни табли се дел од мерките кои треба да се преземат од стана на општините Кочани и Пробиштип во создавањето на услови за развој на Пониква.
Како првата, така и втората хидроцентрала ќе биде изградена според утврдени стандарди без негативно влијание врз квалитетот на водата за пиење која ја користи локалното население.
Зголемувањето за бројот на претставки од граѓани за ДЗЛП е знак дека е зголемена јавната свест за постоењето на правото за заштита на лични податоци, но и запознавање со механизмите кои граѓаните треба да ги знаат за пријавување на повреда на нивните лични податоци.
Центарот за развој на Североисточниот плански регион ќе добие над 7,2 милиони денари за 6 проекти од програмите за регионален развој.
Во следниот период ќе се иницираат засилени инспекциски контроли за заштита на правата на потрошувачите, особено во делот на јавните услуги и малопродажбата, како и формирање нов Совет за заштита на потрошувачи.
Штипското јавно претпријатие Штип проект, го реализираше Деталниот урбанистички план (ДУП) за изградба на новата фабрика за производство на каросерии за автобуси.
Рамковната конвенција за контрола на тутунот усвоен од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во 2003 година е штетна за тутунопроизводството во Македонија, предупредуваат од Стопанската комора на Македонија.
Меморандумот е од интерес не само за земјоделците и ветеринарните доктори, туку од него придобивки ќе имаат и останатите граѓани, како трајни потрошувачи.
Општина Дојран објави оглас за доделување на користење на јавни површини за поставување на времени објекти и сезонска опрема во локалитетот Граничен премин во Стар Дојран.
Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да можат да ги користат здравствените услуги.
Со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити студија јапонската Влада ќе го поддржи колекторскиот систем за заштита на Охриското езеро.
Министерството за економија првпат преку електронско наддавање додели 26 локации за детални геолошки истражувања. Вкупниот приход, што инвеститорите треба да го уплатат во рок од 30 дена е 35 милиони денари, од кои 27 милиони денари се за општините.
Нотарите и Катастарот на недвижности од Скопје, од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.
Пензиските друштва во земјата еднаш годишно во писмена форма ќе доставуваат до своите членови извештаи за состојбата на средствата на нивните сметки. Извештаите ќе се доставуваат во зелен плик за нивна полесна препознатливост.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли на граничните премини при увоз, по добиените информации дека во соседна Србија е утврдено зголемено ниво на афлатоксин во два од анализираните 426 мостри од ланскиот род пченка, а во Република Словенија, поради појава на афлатоксин над дозволеното во свежо млеко од млекомати во Љубљана и неколку помали населени места.
Сто и педесет македонски земјоделци во организација на Фередацијата на фармери на Република Македонија викендов присуствуваа на саемот Агротика во Солун, Грција.
Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings, во 2014 година повторно го потврди кредитниот рејтинг од ББ+ на ПроКредит банка Македонија и ја зголеми оценката за индивидувалната кредитна способност на банката од б на б+.
Минималниот износ на една кредитна линија е до два милиони евра за приватниот сектор, а за секоја успешна апликација се добива и грант од 5% до 10% од инвестицијата. Истото се однесува и за општините, каде грантот изнесува од 10% до 15%.
Новиот јогурт е изработен од млеко кое се добива од строго контролирана фарма и на која и е додадена специфична лакто култура. На овој начин, јогуртот на рафтовите во маркетите стига истиот ден кога е произведен.
Сите фирми од утре задолжително ќе треба да ја користат електронската услуга – пријава и одјава на здравствено осигурување преку веб порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Финансиерите од Македонската и Бугарската банка за развој почнаа разговори за создавање на специјален фонд за кредитирање на заеднички проекти и подобрување на трговската размена меѓу двете земји.