Mинистрите за земјоделство на Република Македонија и Руската Федерација Љупчо Димовски и Николај Фјодоров вчера во Москва одржаа средба во пресрет на меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.
Изградбата на новите автопати Скопје - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид ќе биде реализирана со исклучитено поволен кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од дваесет години, пет години грејс период и каматна стапка од 2% поени.
Рокот за поднесување апликации за добивање земјоделски субвенции кои се однесуваат за полјоделство, сточарство и аквакултура, односно рибниот фонд, ќе биде продолжен до 20-ти октомври годинава.
Albafone, четвртиот мобилен оператор во Република Македонија, соопшти дека во петок официјално стартува со работа.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе гради нов антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава.
Иновативните бизниси, развојот, лидерските способности и човечките ресурси ќе бидат темите на кои ќе се диксутира на вториот и завршен ден на глобалниот инвестициски самит на Македонија 2025.
Организацијата Македонија 2025 наскоро ќе започне да бара инвеститори за фондот што треба да го финансира дијаспората, а чие формирање беше најавено на минатогодишниот Глобален инвестициски самит во Охрид.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при вчерашната посета во Струга најави дека една од вкупно 13-те туристичко-развојни зони во државата ќе биде изградена на брегот од Охридското Езеро во селото Калишта.
Очекувањата на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) за економскиот раст од почетокот на годината се истиот да продолжи, но да биде нешто понизок од 3,9%, колку што изнесуваше во вториот квартал.
Македонија има навистина голем потенцијалот за инвестирање, а инвеститорите се веќе запознаени со географската положба, довербата што се гради и транспареноста.
Македонската компанија со украински партнер Мастер Гаспром ќе влезе на македонскиот пазар со гас.
Фондацијата Тиквешки вински пат во соработка со Министерството за економија и Кластерот за туризам го спроведува проектот Науката и праксата - пат кон успехот.
Фармацевтска компанија Продис, членка на руската Протек Груп, почна да ги извезува своите производи на украинскиот пазар. Првиот извоз во Украина изнесува околу 70.000 евра.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе отпатува во дводневна работна посета на Турција каде ќе оствари средби со стопанственици – потенцијални инвеститори од оваа земја.
Повеќе од 350 учесници од повеќе земји во светот денес и утре во Охрид ќе разговараат за можностите за поголема економска соработка на вториот Глобален инвестициски самит што го организира Македонија 2025.
Во организација на фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организацијата Аналитика, денес во Скопје ќе се одржи конференција на тема Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот
На настанот ќе земат учество 50 успешни компании, институции и организации кои ќе имаат можност директно да се претстават пред амбициозни млади личности од државните и приватните универзитети/факултети, како и од средните училишта.
Според очекувањата на банкарите, во наредниот период кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност, треба да се зголеми.
Шпаркасе Банка во својата понуда воведува два нови пакета С и М наменети за физички лица.
Општина Илинден распиша конкурс за избор на идеен проект и изработка на основен проект за изградба на семејни станбени куќи на локалитетот Јака.
Министерството за труд и социјална политика, МАПАС и двете пензиски друштва со поддршка на Министерството за образование и наука ќе вршат обуки на студенти и ученици од завршните години, од 75 средни училишта.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мој брокер АД Скопје.
На овој свечен настан што на 17 октомври ќе се одржи во хотел Александар Палас, ќе бидат доделени сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2013, во однос на август 2013, изнесува 100.2, а во однос на септември 2012 изнесува 101.6.











