Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава се издадени 140 одобренија за градење, што е за 48,5% помалку во однос на август 2012.
Во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Работилница за претприемништво, на која се пријавени 150 млади професионалци, претиприемачи, менаџери и извршни директори.
Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати во просек за 2,79%.
Акцентот беше ставен на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските развојни зони и брзите, ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои ја рангираат Македонија меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа.
Слободен увоз на суровина преку целата година наместо оптоварувања со царини и прелевмани, бараат компаниите од конзервната индустрија.
ОНЕ најави голема наградна игра, во која главна награда е автомобилот MINI ONE, а ќе се делат телевизори Sony Bravia 32 секој ден и Sony 3 LED еднаш неделно.
Најбрзо растечкиот турски бренд и лидер во текстилната индустрија, LC Waikiki, денес во Скопје Сити Мол ја отвора својата прва продавница во Македонија, која се простира на површина од 1.100 метри квадратни.
Во Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик, денес ќе биде поставен камен-темелник на вториот објект италијанската компанија Текнохозе, во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армирани гумени црева за висок притисок.
Компанијата Макпрогрес, својата палета од брендот кондиторски производи Винчини ја збогати со нови вкусови.
Според соопштенито на Управата за јавни приходи, некои од обврзниците и покрај најавените контроли за време на викендите и во вечерните часови, воопшто не издаваат фискални сметки во периодите надвор од работното време на администрацијата.
Првата награда на меѓународниот повик, што беше организиран од Skopje Design Week и винарската визба Тиквеш, припадна на креативното решение на Дијана Димитриевска.
Делегација на бизнисмени од германската покраина Баварија денес ќе престојуваат во Македонија, каде се очекува да остварат Б2Б состаноци со македонските компании.
Со цел да им излезе во пресрет на љубителите на спортот и спортските содржини операторот Boom TV ја збогатува својата програмска шема со уште еден атрактивен спортски канал, Sport Кlub 3.
На тендерот за рехабилитација на железничката пруга од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри, понуди доставија вкупно осум компании, од пријавените 16.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2013 година, во споредба со август 2013 година, остана на исто ниво.
Во надворешно-трговска размена, во првите осум месеци од годината Република Македонија го намалила дефицитот за 66,6 милиони долари во однос на истиот период лани, што се должи порастот на извозот.
Контролите на УЈП спроведени минатиот месец покажуваат дека 65% од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот.
Во организација на Министерството за економија денес во хотелот Александар Палас во Скопје, со почеток во 10 часот ќе се одржи конференција на тема Како до поголем извоз.
Според соопштението на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) договор за повлекување на националната банка на Грција (НБГ) од Стопанска банка АД-Скопје не постои.
Осигурителната компанија Виена Иншуренс Груп по третиот квартал ја зацврсти лидерската позиција, држејќи речиси четвртина или поточно 23,7% од целокупниот македонски пазар на осигурување.
Седумдесет фармери и бизнисмени во организација на Федерацијата на фармерите на Република Македонија и ТУЈАП ФЕРС го посетија земјоделскиот саем во Бурса- Турција, која е една од најголемите меѓународни саемски манифестации.
Според последните статистички податоци на Сојузот на стопански комори на Македонија, до август 2013 година Македонците најмногу купувале германски автомобили.
Во Скопје Сити Мол вчеравечер се отвори најновиот моден женски бренд за гардероба и аксесоари ПС Фешн, каде покрај сопствениците и целиот менаџерски тим присуствуваа и преку 300 гости меѓу кои голем дел јавни личности.
Клучната улога во доделувањето на донацијата ќе ја одигра пошироката јавност, бидејќи финансиската поддршка ќе ја добие организацијата што ќе собере најмногу гласови на фејсбук-страницата Аргета Македонија.