Почетокот на жетвата на пченка во Пелагонија денес ќе биде симболично обележан со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.
ПроКредит Банка прослави 10 години од своето работење во Македонија, при што кредитното портфолио на Банката достигна близу 200 милиони евра а депозитното 164 милиони евра.
Инвеститори од Турција се заинтересирани за инвестирање во откупно-дистрибутивен центар за овошје во Неготино, соопшти вчера градоначалникот на општината Ванчо Апостолов.
Во Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп вчера беше отворен првиот дводневен саем на кариера и вработување, проект на УСАИД Младинска мрежа, за стекнување вештини при вработување заедно со Центарот за вработување од Прилеп и локалната самоуправа.
Бизнис-секторот ќе има можност да се запознае со услугите на 24 лаборатории инсталирани на јавните високообразовни и научни институции.
Бизнис заедницата во Македонија годинава очекува раст на економијата над проекцијата од 2%. Бизнисмените овие очекувања ги темелат на зголемениот извоз кон европските земји и податоците за раст на БДП во првите два квартала од годинава.
Дел од измените на Законот за земјоделско земјиште вклучуваат креирање дата база за вкупното земјоделско земјиште во приватна сопственост што ќе овозможи увид колку од површините не се обработуваат, како и воведување нови услови при размената на државното земјоделско земјиште со земјиштето во приватна сопственост.
Во следните 20 месеци во руралниот тренинг центар кој денес свечено беше отворен во гостиварското село Вруток ќе се врши едукација на фармери за новите технологии во земјоделството и руралниот туризам.
Фармацевтската компанија Алкалоид доби авторизација за пласман на над 30 свои лекови на пазарите во земјите-членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), меѓу кои Ерменија, Азербејџан, Грузија и Туркменистан, а во исто време започна и повеќе проекти во Казакстан.
На конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи на езерата, кој беше објавен од Министерството за транспорт и врски во август, пристигнаа девет идејни решенија, од кои четири за плажи на Преспанското Езеро и пет за плажи на Дојранското Езеро.
Инкубаторот е дел од проектот Образование, вработување и еднаквост на жените од етничките заедници на ИПА.
По спроведените вчерашни активности на даночните служби во Скопје, затворени се 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Синѓелиќ и Маџари, меѓу кои и познат хотел во центарот на Скопје.
Почнувајќи од денес брашното во Македонија ќе може да се продава единствено ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со закон.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на трошоците на животот 100.2.
Правилникот за материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната од денес стапува на сила.
Авиопедиа ја отвори зимската сезона, промовирајќи го новиот директен лет Скопје-Берлин со прекрасна коктел забава, на која присутствуваа бројни соработници и колеги.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вчера ги презентираше измените и дополнувањата на Законот за градење.
Странските директни инвестиции во Македонија во периодот јануари-јули 2013 година достигнале 130,5 милиони евра што е за 42 милиона евра повеќе од лани.
Стопанската комора на Македонија денес соопшти дека состојбите во текстилната индустрија се подобруваат.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2013 година во однос на август 2012 година изнесува 101.6.
Наместо до 21 часот, од утре алкохолните пијалоци во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот.
На четиридневниот биенален меѓународен фестивал на сирење Cheese 2013, кој се одржа во градот Бра во северна Италија, Македонија се претстави со Галичкиот и Лазарополскиот кашкавал и сирењето од Бистра.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ денес промовираше нова пост пејт понуда TOTAL S на пазарот на мобилната телефонија наменета за пензионерите.
Град Скопје шести пат по ред ќе избира најдобар угостителски објект.











