Техномаркет најавува голема донација во Клиниката за детски болести. Во следните неколку месеци, најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство ќе издвојува дел од својот месечен промет и ќе го намени за опремување на ЕХО собата во оваа клиника.
Во општина Илинден, во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, денес ќе биде отворена експозитура на Охридска банка.
Заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски вчера се сретна со тутунопроизводителите во Прилеп, со вработените во подрачната единица на министерството и со раководството на Тутунскиот комбинат пред почетокот на раниот откуп на тутунот во кутии, кој стартува утре.
Министерството за економија објави сопштение во кое се вели дека увезените камиони со ЕУРО 3 стандардот кои влегле во Македонија до 30 јуни, ќе добијат дополнителни 30 дена за да ја завршат постапката на одобрување.
Просечната нето плата во јули годинава изнесувала 21.013 денари, додека бруто платата 30.851 денари.
Претставници на компанијата Кутурбес травел, за време на бизнис форумот во Бостон најавија дека од мај и септември 2014 година, планираат да организираат патувања за Американците во Македонија, аранжман што чини осум илјади долари.
На маргините на 38-то Заседание на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО), во Монтреал денес, беше парафирана Спогодбата за воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Канада.
Според одлуката донесена на пленарната седница на БЕРЕК, што се одржа во изминатите два дена во Рига, Летонија, директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски е новиот член на Бордот на директори и потпретседател на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC).
Во просториите на Стопанска комора денес ќе се одржи завршна конференција по проектот КОКУРТ Создавање услови за користење на Европските реформски алатки за пазарот на труд во Македонија преку трансфер на словачко искуство.
Во Ресен денес започнува традиционалната манифестација Преспански јаболкобер со која се означува почетокот на берба на јаболкото.
Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, во почетокот на октомври 2013 година, во црна и бела боја.
Субвенциите за земјоделството до 2016 година ќе надминат милијарда евра. Поддршката континуирано се зголемува, следната година ќе бидат издвоени 140 милиони евра, а идните три се предвидуваат по 150 милиони евра. Заклучно со 2006 година Владата во аграрот досега вложи 637 милиони евра.
Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти - дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиската документација...
Еко - акцијата ќе ги опфати сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром, а целта е да се активираат децата, заедно со нивните семејства да го селектираат отпадот од најмала возраст и да се едуцираат за важноста од селекцијата на отпадот и рециклирањето.
На улица Македонија од денеска па се до сабота ќе се одржи деветото издание на Денови на македонскиот мед, на кое своите производи ќе ги претстават производители од цела Македонија.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, на денешната обука што се спроведува за воспоставување на подземниот катастар пред претставници на приватни компании, јавни претпријатија, општини и геодетски фирми упати апел до сопствениците на инфраструктурни објекти.
Македонско-германското стопанско здружение и Преставништвото на Унијата на германските Комори за индустрија и трговија го организараат 7 DMWV Октоберфест Скопје 2013.
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, вчера присуствуваше на бизнис форум во Чикаго, на кој беа презентирани поволностите кои нашата земја ги овозможува за странските инвеститори.
Економската состојба на деловните субјекти во август годинава, раководителите ја оценуваат како поповолна во однос на претходниот месец, a како понеповолна во однос на август 2012 година, велат податоците на Државниот завод за статистика.
На престижниот натпревар Mundus Vini, кој по 13-ти пат се одржува во Германија, белото тероар вино Барово од бербата 2012-та на винарницата Тиквеш доби златен медал.
НЛБ Тутунска банка вчера стартуваше со акцијата месец на штедење, кој што беше означен со НЛБ денот, преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.
Во наредните три месеци Министерството за труд и социјална политика преку Агенцијата за вработување ќе врши ново анкетирање и ажурирање на лицата кои се се изјаснуваат како невработени.
На бизнис форумот во Принстон, САД, каде во работна посета е премиерот Никола Груевски со владина делегација, присутните американските бизнисмени изразија интерес за инвестирање во здравствениот сектор на државава.
Во последните пет години капиталните инвестиции во земјава, во просек, бележат раст од по 20% годишно, а од 2005 наваму досега забележале раст од 120%.











