Во Виница денес ќе почне со работа нов македонски капацитет за преработка на овошје и зеленчук Провидент фудс груп.
Општина Битола продолжува со реализација на договорените обврски со инвеститорите. Имено во Индустриската зона Жабени интензивно се врши асфалтирање на паркинг просторот кај фабриката на интернационалниот бренд во автомобилската индустрија Кромберг и Шуберт
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, вчера одржа состанок со кинеска делегација предводена од градоначалникот на градот Намчун, Ксианг Донг и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Цуи Зивеи.
Барања за одобрување на материјалите и производите со кои работат во контакт со храна до Агенцијата за храна и ветеринарство досега поднеле 114 производители и увозници на храна.
М-НАВ а.д Скопје, македонскиот систем за воздухопловна навигација, ќе се надгради со нова опрема во вредност 16.150.000 евра
По средбата на премиерот Никола Груевски со потпретседателот на корпорацијата Форбс, Кристофер Форбс во САД, беше потпишан Договор за соработка на полето на привлекувањето на странските инвестиции помеѓу Република Македонија и корпорацијата.
Во главниот град на Чешка денес и утре се одржува Првата сесија на Заедничкиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република
Според истражувањето спроведено од SWOT Research во соработка со професионални тајни купувачи, вработени во ДХЛ Експрес, Единство, ЕВН и ЕЛЕМ се најдобрите деловни асистенти во Македонија.
Од 1 ноември годинава цената на СМС пораките ќе поевтини за 50% а ќе има и намалување на големопродажните цени за терминација меѓу мобилните оператори, што треба да влијаат на намалување на износот на малопродажните цени.
Денес со почеток од 16:00 часот на платото кај Хипериум, Дуна Компјутери ќе организира добротворна аукција за продажба на ракотворби и слики изработени од штитениците на Воспитно-поправниот дом Тетово со отворено одделение во Велес.
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за четири денари, а цената на дизел горивата се намалува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ).
Шардоне Барик на Винарија Стоби го доби најпрестижното единствено признание, специјалната награда Шампион во категоријата бели суви вина, на 39 отворено меѓународно оценување на вина – Вино Словенија.
Официјалната регистрација за Глобалниот инвестициски самит за Македонија, што од 8 до 10 октомври годинава ќе се одржи во Охрид завршува денес.
Темите за кои ќе се зборува во рамки на осмото советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи се важни за Владата бидејќи претстојната либерализација на пазарот ќе придонесе за поквалитетен и поевтин пристап на индустриските потрошувачи до електрична енергија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на Кавадарци истакна дека досега нема пријави за проблеми при откупот на грозјето, ниту од производителите ниту, пак, од преработувачите на грозје.
Охридска банка ги дислоцираше своите простории во Штип на атрактивна локација во градот, информираат од банката.
Владата на Република Македонија синоќа го утврди предлог буџетот за 2014 година, кој се предвидува да тежи 170 милијарди денари (2,7 милијарди евра), што е приближни исто на проекциите за тековната година.
ДТУ Подравка ДООЕЛ информира дека во Македонија нема производ Ева сардина со магдонос и лук кој е предмет на повлекување од хрватскиот пазар.
Според продажба на прехранбени производи кои содржат транс-маснотии опасни по здравјето, Балканските метрополи доминираат на врвот на европската табела.
Генералниот директор на АД Електрани на Македонија, Дејан Бошковски во обраќањето пред учесниците на балканскиот конгрес од областа на рударството Балканмајн 2013, изјави дека иднината на енергетиката во Македонија е во веќе утврдените и потенцијалните резерви на јаглен.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по направената контрола констатираа дека на домашниот пазар не е увезена храна за доенчиња од спорните небезбедни пратки на производителот Бебивита.
Мобилниот оператор Вип вчера ја одбележа шестата година од влезот на македонскиот пазар со раст во сите сегменти.
Граѓаните и фирмите од денес ќе може преку СМС или електронска пошта од државни институции да добиваат информации за истекување на рокот на важноста на лиценци, за изготвени дозволи за работа и известувања за јавни повици за ИПАРД програмата.
Компанијата Жито Лукс се закити со уште еден супербренд сертификат за 2013/2014 година, повторно потврдувајќи ја својата позицијата како лидер во мелничко-пекарската индустрија.











