Министерот за економија Ваљон Сарачини денес и утре ќе учествува на состанокот на министрите за енергетика, што ќе се одржи во Вилнус, Литванија, како подготовка за средбата на министрите од тој ресор во декември годинава.
Претставници на 23 компании од Стопанската комора на Бергама, Турција денес на бизнис форум ќе остварат директни средби со македонски стопанственици.
Во хотелот Континентал со почеток во 11 часот ќе се одржи настан за официјално започнување на двата проекти финансирани од Европската Унија во областа на Интегрирана тарифна околина.
На своето обраќање до стопанствениците премиерот Никола Груевски најави дека наскоро се очекува да почне реализацијата на четвртата кредитна линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра
Скопје сити тауер денес за прв пат ги отвори вратите за медиумите. Беше презентиран современиот, европски тип на резиденцијални објекти, каде што станбените единици почнуваат веднаш над катовите наменети за деловни простории.
Во организација на Центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) и Министерството за економија денес беше одржана дебатата за Усогласеност на Законите со подзконската регулатива во делот на правилници, проекти-елаборати, овластувања или лиценци и надлежност.
За време на трговската блокада од Косово македонските компании мудро одиграле и затоа штетите се минимални.
Во организација на невладината организација Македонија 2025, годинава по втор пат, од 8 до 10 октомври во Охрид, ќе се одржи Глобалниот инвестициски самит за Македонија.
При-пејд корисниците на телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денес, за своите 100 денари добива три пати повеќе кредит.
Отсега, корисниците за 99 денари неделно добиваат неограничени разговори кон Т-Мобиле и Т-Хоме и само 2,9 денари за целиот разговор кон другите мрежи. Оваа неделна опција се активира на 1460.
Организаторите на овој настан одлучија на сите заинтересирани учесници да им зададат три задачи: прво, да дизајнираат Ford Fiesta, второ да програмираат Fiesta трка и трето да ја адресираат својата мрежа или витруелно да склопат компјутер.
Јавниот долг на Македонија во јуни оваа година достигнал 2,72 милијарди евра или 34,1% од БДП, од кои само надворешниот долг изнесува 1,66, а домашниот 1,05 милјарди евра.
Фокусот на традиционалното обраќање на премиерот Никола Груевски пред домашните стопанственици ќе биде извозот и поддршката на извозот на домашните компании, при што ќе бидат опфатени другите актуелни економски теми.
Во село Чешиново вчера беше означен стартот на жетвата на оризот од годинешната реколта.
Во второто тримесечје од оваа година стапката на невработеност се намали на 28,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во трговијата на мало во јули оваа година, во споредба со истиот период лани, е забележано намалување.
Индексот на цените во земјоделството во август 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0,1%, а кај аутпутот е намален за 1,0%, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.
Владата на Република Македонија стартува проект преку кој ќе обезбеди стручна помош за компаниите со ангажман на странски експерти со цел да им помогне во работењето.
Министерството за економија распиша оглас на кој можат да аплицираат сите заинтересирани приватни концесионери за менаџирање и стопанисување со комплексот Македонско село, лоциран во скопската населба Нерези спроти манастирот Св. Пантелејмон.
Од утре до 21 септември Охрид ќе биде домаќин на петиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството Балканмине 2013.
Рокот за добивање интегрирана еколошка дозвола до април 2014 година нема да биде пролонгиран. Ова го нагласи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
Од 19 до 21 овој месец, делегација од дваесетина турски компании, членови на стопанската комора на Бергама ќе ја посетат Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 106,7, што укажува на пораст од 6,7%.
За време на прославата на шестиот роденден, мобилниот оператор Вип организира забавен СМС награден квиз, чија главната награда изнесува 600.000 денари (10.000 евра).











