Оваа пандемија со која се соочува светот е вистински предизвик, но како и при секој друг предизвик, тоа нè тера да излеземе од нашата удобна зона и да се развиваме со поголема брзина
Раст на невработеноста, односно губење на работните места на околу 17.690 лица, само за време на вториот квартал на годината.
Со предавањето на италијанскиот архитект, дизајнер, илустратор и уметник, Серџо Оливоти, под наслов Етиката на креативноста - дизајнирање книги за деца, во Скопје се одржа четвртото издание на Денот на италијанскиот дизајн во светот 2020.
Бесплатни Ковид тестови за сите странски државјани кои треба да го продолжат престојот во земјава, а се сместени во домашните хотели, како и итни...
Југославија на почетокот на 80-тите години на минатиот век имаше најголема вредност на бруто домашниот производ (БДП) меѓу земјите од Балканот.
Бектеши информира дека за помошта ќе може да се аплицира до 27 ноември преку платформата Дома си е дома, a парите ќе бидат исплатени до крајот на годинава.
Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Следната недела, од 24 до 26 ноември ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. 
На состанокот се истакна важноста домашните компании да ја подобрат конкурентноста и продуктивноста за постигнување посилен економски раст во иднина.
Зголемување на извозот од нашата земја кон Кина за 11,7%, во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на истиот период лани.
Цените во земјоделството во октомври оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 5,4%.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2020 година, во однос на третото тримесечје од 2019 година, е зголемено за 2,7%.
Податоците велат дека економските трошоци од насилството во земјава изнесуваат 1.778 долари по глава жител во 2019 година или 6% од вредноста на бруто домашниот производ на земјата.
Далечинска здравствена консултација им помогна на лекарите да дијагностицираат пациенти оддалечени 1.000 километри на ефикасен начин.
Сивата економија, којашто изнесува околу 37% од брутодомашниот производ, може да се сузбие само преку мерки кои ќе придонесат ризикот од дејствувањето во рамки на сивата зона да биде поголем од приносот од истото.
Предвидена е консолидација на буџетскиот дефицит, но приоритет е да се реализираат политиките на владата за заштита на здравјето на граѓаните и на заштита на економијата.
Од земјава лани се извезени мобилни телефони во вредност од 856.000 долари или 32,7% помалку во споредба со 2018-та година.
Вчеравечер, заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше работна средба со...
Кредитната агенција во својот извештај од аспект на буџетот посочува дека буџетскиот дефицит ќе почне да се намалува од следната година и ќе продолжи да се намалува на среден рок, така што во 2022 ќе се сведе на 3,4%.
Кредитната агенција проектира пад на македонската економија во 2020 година за 5% и опоравување на економијата во 2021 и 2022 година со раст од 3,9% и 4,5% респективно.
Пад од 44,50% има кај вкупниот број на трансакции (227), додека индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.409 поени што е неделен раст од 1,49%.
Беа посочени индустрии и производството кое мора да има континуитет и дејностите кои се од витално значење за граѓаните, како здравството, полицијата, противпожарната служба и други.
Мотото на оваа иницијатива е Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!" #ТукаСме #ЕдниЗаДруги.
Зголемувањето на економската соработка помеѓу земјите од регионот може да има само позитивен импакт кон целокупните односи и за животот на граѓаните.