Вработените, граѓаните и фирмите ќе имаат нови способности, нови бизнис модели ќе се развијат, голем дел ќе се променат, а технологијата дефинитивно ќе одигра клучна улога во сето тоа, во секоја дејност и економија во светот.
Министерот потенцираше дека протоколот за работа на угостителските објекти треба уште еднаш да се разгледа во детали од страна на Комисијата за заразни болести.
Во наредните 10 дена инспекторските тимови активно ќе ги информираат и едуцираат угостителите за примена на протоколите.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, на домашен пазар, во април оваа година, се повисоки за 1,1% на месечно и 0,7% на годишно ниво.
Нашата земја минатата година увезла мед во висина од 698.000 долари, а извозот беше на ниво од околу пола милион долари.
Иако сите земји презедоа одредени економски мерки и одобрија економска помош, сепак не е доволно за земјите да ја поправат кривата на економскиот пад, а закрепнувањето во повеќето земји се очекува во 2021 година.
Само во второто тримесечје од 2020 година, загубени се работни часови кои соодвествуваат на 85.550 работни места со полно работно време.
Податоците покажуваат дека извозот за електрични возила од нашата земја лани достигна 138.000 долари.
Во изминатиов период на голем број од невработените им бил прекинат работниот однос врз основа на потпишана спогодба, отказ или лична изјава.
Oстварената добивка од минатата година, во износ од 16.968.120 денари се распоредува во акумулирана добивка ограничена за распределба на акционерите.
Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст.
Рочноста на еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година.
Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.).
Во полн ек работите на комплетирање на инфраструктурата во зоната којашто опфаќа сообраќајници, водовод, атмосферска и фекална канализација, гасовод и улично осветлување на булеварот и на уличната мрежа.
Македонија е 24-та земја во светот по извоз на пиперки, што ѝ донесе заработка од 17.164.000 долари или 40,4% повеќе во однос на 2018 година.
Во првите три месеци од 2019-та година, компанијата работеше со загуба од 11.157.000 денари.
ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид-19.
Вкупниот буџет за проектот е 3.319.199 денари, од кои општината Прилеп учествува со 149.707 денари.
Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, а нивното работното време ќе биде до 20 часот, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Лани од земјава реализиран е извоз на јајца во вредност од 687.000 долари.
Во околината на селото Лабуништа одземени се вкупно пет концесии за експлоатацијa.
Извозот на сладолед од земјава на странски пазари лани е намален за 7,2% во споредба со 2018 година.
Од овие 117 апликанти – 58 или 50% се компании до 10 вработени, 43 или 37% се компании до 50 вработени и 16 или 14% се компании до 250 вработени.