Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници, во првото тримесечје од оваа година, изнесува 1.215.000, во градско-приградскиот превоз 15.277.000, во железничкиот превоз 93.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 429.
Националниот натпревар на Европскиот квиз на пари во нашата земја се одржува по вторпат, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.
ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие кое им овозможува на своите корисници пристап до своите услуги преку мобилна апликација.
Oвие мерки конкретно се насочени кон заштита на ликвидноста и работните места на краток рок, но и поддршка за развој и зголемување на конкурентноста на компаниите во пост-корона периодот.
Станува збор за најголемата книжарница во Македонија, со површина од 500 м², која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар.
Со акцијата на Град Скопје ќе се отстранат 120 билборди и 120 ситилајти.
Кредитите на корпоративниот сектор, во април оваа година, се повисоки за 0,6% и 2% на месечна и годишна основа.
Бројот на разводите во 2019 година бележи зголемување од 22,8% во споредба со 2018 година и изнесува 1.990 разведени бракови.
Охрабрува тоа што и во услови на криза и затворени училишта, на јавниот повик Предизвик за млади истражувачи три дури 58 училишта доставија свои предлог проекти. Од нив 28 се од основни, а вкупно 30 од средни училишта од цела Македонија.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март оваа година, изнесува 26.422 денари, додека во бруто износ е 39.437 денари.
Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека здравствена криза предизвикана од КОВИД-19 покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.
Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија (АППРСМ) објави нов Јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги за микро, мали и средни претпријатија, која е отворен до 19 јуни 2020 година.
Дивидендата, која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2019 година, е за 19% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2018 година на нето-основа. 
Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства реализираа вкупно 2.895 вонредни инспекциски надзори.
Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи.
Македонија е 39-та во светски рамки со извоз на киви во вредност од 235.000 долари.
По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави.
Три типа на парична поддршка за младите со цел нивно полесно прилагодување на новата реалност, преку одржување на нивото на ученичкиот и студентскиот стандард.
Три акционерски друштва кои котираат на Македонска берза се избрани да учествуваат во проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што има за цел да ја зголеми јавната достапност на инвестициски анализи.
Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и компаниите, односно никој да не е губитник во оваа криза.
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 16.492.000 во првото тримесечје од 2020 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17%.
Најавениот трет пакет економски мерки за ублажување на штетите од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата се очекува да има позитивно влијание врз стопанството.