Арон Браун е бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели (BAS) од 2005-та година.
Неискористениот дел од резервите за инвестиции за 2018 година во износ од 5.879.803 денари се враќа во нераспределената добивка.
Советот на Народната банка одржа редовна седница на којашто ги разгледа и усвои Годишниот извештај за 2019 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2019 година.
Граѓаните на едноставен начин, со купување на ваучери ќе можат да го поддржат својот омилен ресторан, кафеана и кафе бар. Купениот ваучер ќе може да го искористат кога објектите ќе бидат повторно отворени.
Владата воведува три новини во мерката за субвенционирање на 14. 500 денари плата за компаниите како поддршка за справување со последиците од пандемијата.
Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 13,4%.
Од земјава лани се извезени мобилни телефони во висина од 856.000 долари.
Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на “Коронавирус МК Koronavirus" Вибер заедницата, за добивање точни, официјални и брзи информации поврзани со КОВИД-19 на својот мобилен телефон.
Во трите групи заедно, се одобрени вкупно 631 кредитни апликации во вкупен износ од 4,7 милиони евра, за компании со 5.588 вработени.
Ова е водечки форум на кој учествуваат министри, високи владини претставници, извршни директори, меѓународни организации, банки за развој, експертска и невладина јавност.
Македонија е 97-ма во светски рамки со извоз на кафе во вредност од нешто над два милиони долари.
Во Косово, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Грција цените се исто така доста повисоки во однос на цените во нашата земја.
На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март се повисоки за 0,1% на месечно ниво и пониски за 0,1% на годишно ниво.
Заштитата на здравјето на работниците и на населението во целост, во овој период е нашиот врвен и главен заеднички приоритет.
Барањето за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси заклучно со 31.01.2020 година, се поднесува исклучиво електронски преку системот е-Даноци.
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна.
Во истиот период минатата година, добивката на Факом беше 398.000 денари.
Најтргувани акции во првиот квартал од оваа година беа акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 17,3 милиони евра.
Дизелот од полноќ поевтинува за четири денари, додека цените на бензините се намалуваат од два до 2,50 денари за литар.
Нашата земја е 105-та во светот по извоз на автомобили, од што лани се заработени нешто над милион долари.
Извозот на лекови од Македонија достигна вредност од 103,7 милиони долари, со што земјава се позиционираше на 63-та позиција во светски рамки.
По дваесет и осум години од монетарното осамостојување, денес, со задоволство констатирам дека Народната банка е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваат.
Министерството за труд и социјална политика потсетува дека почнувајќи од понеделник ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките