Горивата од полноќ поевтинуваат од три до пет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани мобилни тимови на Црвен крст чија задача е да вршат неопходна набавка...
Секое прекумерно правење на залихи во храна и други производи кои се со рок на употреба може да доведе до состојба истите без потребно да се фрлаат.
Да се обезбеди сигурност на буџетот во секое сценарио и да се обезбеди ликвидносна и финансиска инјекција во стопанството преку мерки за помош на фирмите се сегашните приоритети.
Ова не се однесува на лекарите, полицијата и војниците. Подобро два месеци со минимална плата за сите отколу да нема за никој.
Донесена е одлука за воведување најрадикални мерки со цел да се заштити здравјето на граѓаните од коронавирусот.
Од денеска е во функција и call центарот - 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии.
Финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат и последиците по јавното здравје за да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор.
Регулаторните измени овозможуваат поповолни услови за граѓаните и компаниите не само во однос на одложување на сервисирањето на обврските, туку и во однос на другите услови за кредитирање.
По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција.
“Вчера е формирано работно тело. Ние ќе направиме се што може условите да бидат добри и да се грижиме за здравјето на луѓето што ќе ни се враќаат, храната, дезинфекцијата, чистењето, луѓето во државниот карантин ќе бидат еден до двајца во соба, меѓутоа не сум сигурен каде точно ќе бидат“, рече Димитров.
Последните прибрани квартални податоци доставени со состојба 31.12.2019 година и спроведените вонтеренски супервизии на Агенцијата потврдуваат дека осигурителниот сектор е стабилен.
Tрговците овие денови ја зголемуваат продажната цена на јужното овошје, каде што цената на лимонот драстично се зголеми и достигна 180 денари по килограм
Овие мерки не значат мораториум на отплатата спрема банките и штедилниците, туку даваат можност на брз и ефикасен начин да се излезе во пресрет.
Мерки и препораки за воведување забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст.
Апелирам до други поединци и мои колеги кои се надевам ќе се приклучат со придонес во рамки на своите можности кон оваа или други иницијативи.
На светско ниво, бројката на заболени лица, во изминатите 12 дена се зголеми за 100.000 и во моментот вкупниот број заболени во светот е...
Поповолните услови може да значат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување на нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и слично.
Отворена е бесплатна линија за пријавување на неправилности за угостителски објекти во кои има гости, драстично зголемени цени на основните прехранбени производи и средства за дезинфекција.
Индексот МБИ 10 денеска достигна 3.655,25 поени, односно 15,09% помалку од минатиот петок.
УЈП го ограничува времето за прием на странки од 10 до 12 часот во Генерална/Регионални дирекции/одделенија/шалтери.
Македонските власти овие денови ги промовираа првите две мерки: едната за давање бескаматни кредити за микро, мали и средни претпријатија и другата за субвенционирање на придонеси за вработени од секторите што се погодени.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,7%), Уметност, забава и рекреација (18,1%) и Транспорт и складирање (16,4%).
Стапката на активност во овој период е 57,2, додека стапката на вработеност е 47,3.











