Над 25% од жителите или една четвртина од Македонците, сега живеат надвор од својата земја.
Од Македонија во 2018 година се извезени гуми за автомобили во висина од 259.000 долари.
За стратешки инвестициски проекти ќе се сметаат проекти со коишто се врши реализација на инвестиција од најмалку 100 милиони евра на територија на Македонија, најмалку 50 милиони евра во општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.
Се зголемува само малопродажната цена на мазутот М- НС за 1,877 денари за килограм и новата цена ќе биде 40,424 денари.
Во овие земји не е невообичаено да се направи неколкумесечна пауза од работа, доколку таа носи голем стрес.
При анализата, како што се наведува, предвид се земени овие фактори: економска вклученост, образование, здравје и политичко влијание.
Со оваа емисија се издадени 400.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра за една акција, при што основниот капитал е зголемен за вкупно 4.000.000 евра.
Компаниите од Фондот побаруваат два милиони и 750 илјади евра, што е речиси 92% од вкупниот буџет наменет за овој повик во рамките на скратената постапка којшто изнесува три милиони евра.
Вкупниот неделен промет се позицонираше на 1,1 милион евра, што е пораст од 58,38% во однос на претходната недела.
Pостапката за јавна понуда на долгорочни должнички хартии од вредност – втора емисија на корпоративна обврзница на ТТК банка ќе продолжи по добивање одобрение од Комисијата за хартии од вредност на РСМ за соодветните измени во Проспектот.
За да може еден просечен Македонец да си дозволи да си купи еден iPhone 11 Pro ќе треба да работи 62,8 денови.
Жителите на Македонија трошат скоро 29 минути, во просек, патувајќи во еден правец на одредена дестинација.
Вкупно објавениот нето долг во листата изнесува 10.006.432.444 денари, помалку за 29.965.041 денари од претходната листа.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември минатата година, се пониски за 0,7% на месечно ниво, а се повисоки за 3,7% на годишно ниво.
Цената на кованата пара Деловен успех и среќа изнесува 3.000 денари, на кованата пара Вештачка интелигенција изнесува 3.200 денари, а на кованата пара Среќен роденден изнесува 4.000 денари.
Најниска стапка на невработеност во ноември беше забележана во Чешка од 2,2%, а по нејзе следуваат Германија со 3,1% и Полска 3,2%.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ), во декември минатата година, донесе две решенија со коишто одобри една емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда и една емисија на обични акции по пат на приватна понуда.
Во Македонија дури 24,9% од луѓето не можат доволно да го загреат домот кога температурите надвор се ниски.
Фактори за умерено забрзување на инфлацијата: зголемена минимална плата, раст на цените на храната, повисока домашна побарувачка, либерализација на домашниот пазар на електрична енергија, како и општиот раст на цените на примарните производи на светските берзи.
Зад нас се Босна и Херцеговина на 52 место, Албанија на 54 место и Косово на 99 место.
Властите во земјава донесоа одлука за одобрување на средства во висина од 6.000.000 денари за доделување на помош за настраданите од пожарите коишто ја зафатија Австралија.
Трошоците на живот во декември минатата година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, а кај цените на мало има пораст од 1%.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија.
Националниот портал за е - услуги е електронска платформа преку којашто можат да се добијат информации за јавни административни услуги од сите институции во државата и директно да се користат јавни административни услуги кои се достапни како е - услуги.











