Цената на кованaтa парa Близнаци изнесува 2.800 денари.
На физичките лица средствата од дивидендата за 2017 година ќе им бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка.
Ова престижно признание за Најдобра банка во Македонија за 2018 година, Global Finance и оваа година го додели на Охридска банка Сосиете Женерал, земјаќи во предвид низа објективни и мерливи критериуми како профитабилност, раст на актива, стратешки партнерства, бизнис развој, иновативни производи, но истовремено земајќи во предвид и низа субјективни ставови на аналитичари и експерти од банкарската индустрија.
Младите возачи и возачите почетници најмногу страдаат во сообраќајни незгоди за време на продолжен викенд, а најчеста причина за тоа е брзото возење и возењето под дејство на алкохол.
Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - март 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,6%, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0,6 %.
Условите остануваат исти како и претходните години, односно се надоместуваат до 30% од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство.
По повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, царината организира неколку настани со кои ќе одбележи 26 години самостојност и независност.
Апликациите коишто ќе ги создаваат студентите треба да придонесат најпрво кон поедноставување на работните процеси во Телеком, а се очекува со тек на време, со ваквиот начин на работа да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата.
НЛБ Банка ги информира своите корисници дека по повод претстојните Велигденски празници експозитурите на банката нема да работат во петок 06.04.2018 година, сабота 07.04.2018 година...
Добиените резултати не само што им овозможуваат на регулаторните институции јасна и целосна слика за нивото на финансиската писменост на возрасното население коешто живее во Република Македонија, туку, меѓу другото, претставуваат и една од основите за планирањето и опфатот на дел од нивните натамошни активности, а особено во сферата на финансиската едукација на возрасното население.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 820,5 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 18% од номиналната вредност на акцијата, односно по 180 денари на една акција.
Изведувачи на санацијата, во согласност со јавната набавка, беа фирмите АТБ Север МАК ДООЕЛ од Скопје и АТБ Север ДОО од Суботица.
Кампањата ќе се реализира во четири тематски фази и ќе биде насочена најпрво кон едукација на возачите, а потоа и кон подигнување на сообраќајната свест за безбедно учество во сообраќајот на пешаците, мотициклистите и велосипедистите - категории ранливи учесници во сообраќајот.
Новата верзија за Електронско банкарство ја зголемува безбедноста на самата апликација, преку интегрирање на бесплатната алатката ИБМ Трастиер (IBM Trusteer) којашто врши проверка на можни малициозни софтверски апликации инсталирани без знаење на корисниците на нивните електронски уреди.
Со примена на IBM Private Cloud решенијата, компанијата КИБС се усогласи со регулаторните и безбедносните стандарди и доби платформа за брз развој на своите дигитални услуги.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.329 до 7.686 денари по KWh, по групи потрошувачи.
Лидер во колекцијата е Бекутан детскиот крем со продадени над 45 милиони парчиња.
Новите каматни стапки се со важност од 01.04.2018 година.
Рокот за отплата е минимум 6 месеци, а максимум 5 години за кредит до 91.500 денари, додека пак отплата и до 7 години е овозможена за исплата на кредит од 91.501 до 300.000 денари.
На 9 април 2018 година (понеделник) – Велигден, втор ден Велигден, филијалите и експозитурите на Банката нема да работат.
Саемот КОНТАКТ е поддржан од ФЕИТ, ФИНКИ и МФС, од Центарот за менаџмент консалтинг, образование и наука Мотива и од Македонија 2025.
До сега низ оваа програма минале околу 100 студенти.











