Во декември 2017, во споредба со ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1%.
Цената на кованата пара Риби и на кованата пара Овен изнесува 2.800,00 денари.
Идејата е да се креираат подобри услови за развој на социјалните претпријатија преку помош за креирање на нови и поддршка на постоечките социјалните претпријатија.
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.
Апликацијата е изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster, како дел од нивната едукација преку работа на реален проект
Дозволеното пречекорување Ви овозможува одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства за Вашиот бизнис во даден момент.
Проектот Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија, финансиран од ЕУ, во следните 24 месеци ќе биде спроведуван од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот за динамичен развој СФЕРА-НОВА.
Првите Роса школи ќе бидат отворени во последниот квартал од 2018 година, кога вакви школи ќе добијат Поликлиниката Јане Сандански во Скопје, Клиничката болница во Битола и Општата болница во Гостивар.
Можете да изберете една од 28-те дестинации во 14 земји во кои Wizz Air лета од Македонија со цени кои почнуваат од 600 денари.
Оваа ексклузивна можност во минатото најчесто ја користеа видни бизнисмени од разни компании од регионот.
Апликацијата им овозможува на корисниците виртуелно да го посетат прекрасниот пејсаж на пештерата Врело во кањонот Матка, да ги испитаат виртуелните училници и да се сретнат со науката преку интерактивни 3D модели и анимации, како и да го прегледаат најновите содржини од најдобрата дигитална телевизија MaxTV.
На веб пораталот на УЈП може да ги видите сите активни аукции, онлајн да ги прегледате достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), да се пријавите и да учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2018 година, во споредба со декември 2017 година, е зголемен за 0,2%.
Секоја граѓанска организација од девет општини во Македонија добива меѓу 2.500 и 5.000 евра за создавање инклузивна средина за децата Роми.
Одвлеченото внимание претставува закана за возачите, но истовремено и за сите учесници во сообраќајот, првенствено за пешаците.
По нив, на листата следуваат акциите на УНИ банка, Охридска банка, Гранит, Макпетрол, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка и Фершпед.
Компанијата се фокусира на производство на домашни кујнски апарати, машини за перење, сушење и пеглање на алишта и правосмукалки.
Конференцијата е наменета за претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции, глобалните банки и домашните финансиски и инвестициски институции.
На 23 февруари ќе бидат организирани тестирања по англиски јазик и математика, а учениците кои ќе влезат во вториот круг пред повеќечлена комисија ќе презентираат лидерски, тимски и креативни вештини. Финалните резултати ќе бидат објавени на 14 -ти март.
Потврдата за остварени приходи од Градот Скопје треба да послужи за пополнување на годишната даночна пријава која даночните обврзници се должни да ја поднесат до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 март 2018 година.
Со оглед на тоа дека просечниот раст во изминатите пет години достигна 2,5%, што е повеќе од регионалниот просек кој изнесува 1,9%, од Светска Банка остануваат оптимисти дека рејтингот на Македонија ќе забележи раст во наредниве неколку години.
Десетте топ менаџерки се веќе избрани и доаѓаат од цела Македонија, а работат во областа на консталтингот, образованието, медицината, производството, уметноста, туризмот,
Преку мрежата, 137 странски компании покажале интерес за соработка со македонски компании, при што биле остварени 36 партнерства











