Вкупно 2.027.344 патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13% споредено со 2016 година.
Пакетите Vip Roam Surf 200 и Vip Roam Surf 500 важат во следните земји и оператори: Vip Mobile Србија, M-Tel Бугарија, Vodafone Албанија, Vipnet Хрватска, Vodafone Грција, Vodafone Турција, A1 Австрија, A1Словенија, Velcom Белорусија и FL1 Лихтенштајн.
Трошоците на живот во декември лани, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, додека кај цените на мало има пораст од 0,4%.
Цената на бензинот Еуросупер БС – 95 останува непроменета, односно 66,50 денари за литар. Новата цена на Еуросупер БС – 98 е повисока за половина денар и ќе биде 68,50 денари.
На компанијата Seara Alimentos LTDA, којашто извезува месо и во Република Македонија, ѝ е одземена лиценцата за извоз.
Даночната академија на Управата за јавни приходи (УЈП), во период од 10-ти до 30-ти јануари, оваа година, организира еднодневна обука за пријавување, оданочување на приходи од продажба на сопствени земјоделски производи.
Трговскиот дефицит во периодот јануари – ноември лани, достигна вредност од 1.609.063.000 евра.
Цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во споредба со ноември 2017 година, се зголемени за 0,2%.
Сите постоечки и нови пост пејд корисници, активирани заклучно со втори јануари веќе на вториот ден од новата година добија подарок Mесечен интернет пакет од 2 GB што ќе можат да го искористат до 31-ви јануари годинава.
Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Алкалоид, Охридска банка и Фершпед се топ пет најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во декември.
Министерството за финансии (МФ) изработи софтвер во којшто сите буџетски корисници ќе мора да ги пополнуваат своите неплатени обврски.
Во 2006 година, УСАИД во соработка со своите партнери го воведе концептот за рециклирање на пластика во Македонија, кој пак консекутивно го поттикна собирањето и сортирањето на отпад од пластика на повеќе собирни пунктови низ целата земја.
На нив може учествуваат физички лица, кои ќе се регистрираат, односно најават на наведеното контакт лице, најдоцна два дена пред почетокот на обуките.
Tоа значи дека секој поединечно ќе може да побара мерење на квалитетот на услугата од своја локација.
Целта на Конференцијата е да се оценат тековната состојба и идните изгледи на глобалната економија и во тој контекст, да се открие со кои предизвици се соочуваат централните банки при остварувањето на нивните цели за одржување на ценовната и на финансиската стабилност.
Компаниите што работат во ТИР зоните во текот на минатата година оствариле за 29,2% поголем извоз во однос на 2016 година, а се очекува и во наредните години да расте.
РЖ Институт оваа година планира да оствари нето добивка во износ од 8.824.757 денари.
Остварување на финансискиот план ќе ја зголеми добивката на компанијата за 10% до 12%.
Управниот одбор на Македонијатурист го донесе Бизнис планот за 2018 година, според којшто се проектира остварување на добивка од редовно работење во износ од 113.120.106 денари.
ТТК Банка нуди Супер станбен кредит со фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години и намален надоместок за одобрување до 31-ви март оваа година.
Одборот на директори на Македонска берза, на 29-ти декември, донесе одлука за котација на 16-тата емисија на обврзници за денационализација, стои во соопштението на...
Вкупните девизни резерви на крајот на ноември минатата година се позиционираа на 2.273.650.000 евра или 27,3 милиони евра помалку во однос на октомври.
Дополнителниот рок за поднесување барање за легализација е до крај на годинава, а со законските измени се овозможи дополнителен рок и за комплетирање на документацијата, што ќе може да се направи до крајот на јуни годинава.