Охридска банка Сосиете Женерал информира дека поради планирани системски интервенции, можни се прекини во електронското и мобилното банкарство.
Соберете пред сите е еден од производите на Стопанска банка а.д. Битола што на клиентите им нуди соодветно решение при вложување на нивните средства.
Согласно трендовите и згаснувањето на Windows како мобилна платформа, Стопанска банка ќе се насочи кон подобрување и дополнителен развој на апликацијата на најпопуларните оперативни системи Android и iOS.
На пазарите во Македонија ќе нема фискализација сè до влез на државата во ЕУ, а регистрацијата на фирма нема да биде преку Централен регистар, туку со лиценци што ќе ги издава Комората на трговци.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2017 година е за 0,2 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на декември 2016 година е зголемен за 1,5 процентни поени.
УЈП ги информира организаторите на зелени пазари дека имаат обврска да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари.
Бројот на туристи во ноември 2017 година, во споредба со истиот период претходната година, е зголемен за 15,2%, а бројот на ноќевања е поголем за 18,1%.
Вкупниот промет на Македонска берза во текот на минатата година се позиционираше на 4.738.444.919 денари, што е за 56,73% повеќе во однос на 2016 година.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29.819 метри квадратни.
Приливите од еврообврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, односно за непречено редовно извршување на сите буџетски расходи, како и за отплата на претходните долгови.
Причина за прекинот е реновирање на објектот на Скопски пазар, СП Маркет – Расадник.
Во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење на стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходи остварени врз основа на договор на дело...
Новите производни одделенија се простираат на површина од 1.000 метри квадратни, а вредноста на оваа нова инвестиција на Алкалоид АД Скопје изнесува над 2,5 милиони евра.
Целта на издавањето на овие едукативни публикации е да им се помогне на младите граѓани да донесуваат здрави финансиски одлуки уште од рана возраст.
Иако овие податоци се напишани со ситни букви, читајте ги внимателно.
Wizz Air на дестинација Охрид - Виена ќе оперира три пати седмично односно секој вторник, четврток и недела, по стартна цена на авио билетите од 19,99 евра.
Среднодневната концентрација на РМ10 надмината е само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од денеска мерките престануваат да важат.
УЈП ја објавува првата листа на должници за оваа година, на којашто се најдоа вкупно 3.964 физички и правни лица.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14-ти февруари 2018 година.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември лани, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,8% на годишно ниво.
СБ за следната 2019 година прогнозира македонската економија да порасне за 3,9%,а 2020 година да ја заврши со економски раст од 4%.
Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) отсега ќе се објавуваат и доделените договори, при што целокупната јавност ќе има увид во истите.
Вкупно 2.027.344 патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13% споредено со 2016 година.