Халк Банк донесе одлука за коригирање на каматните стапки на орочените депозити со каматна стапка над 4,50% и истите се во согласност со конкурентната пазарна понуда, стои во соопштението на банката.
Прометот во трговијата на мало во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Секој може да придонесе во креирање на визуелниот идентитет на картичката и да ја персонализира, на начин што најмногу ја рефлектира неговата индивидуалност и личен имиџ.
На Меѓународна регулаторна конференција, чиј домаќин е АЕК, учествуваат претставници од регулаторните тела за електронски комуникации од Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Полска, Украина и Литванија.
Инвестброкер ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар во мај оваа година се повисоки за 0,8% на месечно ниво и 0,5% на годишно ниво.
Микро, малите и средните претпријатија во Охрид на инфо сесија имаа можност да се запознаат со правилата и постапките за аплицирање за средства од Фондот за иновации и технолошки развој.
Граѓаните најчесто се жалат на небезбедни играчки, хемикалии кои се штетни по здравјето што ги има во играчките, козметичките производи и текстилот.
Повеќе од 10.000 посетители, во изминатите три дена уживаа во дегустација и презентација на македонски традиционални производи во рамки на манифестацијата Тера Мадре Македонија.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 63 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 64,50 денари. Дизелот поевтинува за пола денар и ќе чини 49,50 денари за еден литар.
Локалните економско - социјални совети (ЛЕСС) ќе имаат консултативно - советодавна функција, ќе разгледуваат прашања и ќе даваат мислења, предлози и препораки до градоначалникот и Советот на Општината за одредени прашања од економско - социјалната сфера.
Идејата на тимот на Re-Bot, составен од Тамара Димитрова, Борко Јовановски и Стојан Димитровски вклучува и игра во која натпреварувачите можат да добијат поени и награди кога активно ќе рециклираат отпад како пластика и лименки.
За време на кратките Б2Б состаноци, учесниците во проектот имаа можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки. Учесниците се забавуваа со активности за градење и јакнење на тим.
Овој викенд во Скопје, на климатскиот камп, 9 тимови ќе се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година деловните субјекти што
се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11.633.786 илјади денари, што е за 27,8% повеќе во однос на претходната година.
Опсерваторијата и светата планина Кокино е меѓу најстарите и најуникатните примери на културно наследство во Македонија, па затоа целта на проектот е локалитетот да стане лесно достапен за туристи и физички и на интернет, а притоа да се сочува неговиот автентичен изглед.
Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, денеска, го промовираа првиот електричен картинг во Македонија, наречен Феитмобил.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 67,8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.
На средбата се зборуваше за постоечките фондови, кредитни линии, програми и механизми кои им се на располагање на жените претприемачи од регионот.
Стопанска банка АД - Скопје за своите сегашни и идни млади клиенти заедно со актерите Тино и Атанас ги креираше и промовираше TOPSI банкарските услуги кои имаат за цел да создадат отворен канал за комуникација помеѓу Банката и младите.
Корисниците на веб сајтот можат да заштедат време и пари користејќи Pazar3 Chat и да разговараат во реално време!
Ова вино, кое е дел од портфолиото на премиум винарницата Домен Лепово, е издвоено како светски шампион меѓу 412-те вина од 21 земја што учествуваа на годинешната интернационална винска смотра на најдобрите, која традиционално се одржува во Љубљана.
Единствено сега секој заинтересиран купувач за овие модели во рамки на пролетната кампања добива 15% попуст за возилата кои се на залиха.
Во наредните три дена, посетителите на Битола ќе може да вкусат слатко од диви смокви, сирење од мавровско-реканскиот регион, мед од медоносна пчела, буковска пипер, вино од станушина и многу други традиционални и органски македонски производи.











