Заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами, денеска информираше дека рокот за доставување на елаборати за легализација на дивоградбите е пролонгиран за до крајот на 2015 година.
Фиксна линија со неограничени разговори кон цела ОНЕ мрежа, неограничен интернет со брзина до 10Mbps и два Boom TV уреда со бесплатно вклучени сите канали на SportKlub и HBO, но и таблет Lenovo IdeaTab A1000L за 0 денари
Македонија во јануари годинава извезла стоки во вкупна вредност од 318.574.000 американски долари, а увезла стоки за 506.431.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62,9%, а трговскиот дефицит изнесува 187,857 милиони долари.
Вип оператор го претстави предлогот за подарок во пресрет на светскиот ден на жената, 8-ми март.
Министрите за информатичко општество и администрација и без ресор, Иво Ивановски и Веле Самак, денеска ќе го посетат кампусот на Google во Силиконската Долина.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворена петтата меѓународна работилница РобоМак 2014, на која годинава ќе учествуваат околу 70 домашни и 30-тина странски студенти од повеќе од 20 европски држави.
Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Австрија, денеска организира македонско-австриски бизнис-форум. Целта е да се поттикне соработката меѓу австриските и македонските компании.
Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурсот на компанијата Актор за вработување на 350 градежни работници за изградба на Коридорот 10 да се пријават на овој конкурс.
На Скопскиот саем од утре до 8 март ќе се одржи 11. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Во негови рамки ќе се одржи и 4. Саем на недвижнини и инвестиции – REALEXPO.
Движењата во македонската економија се доста поволни. Имаме нагорен тренд на економијата, подобрување на кредитниот раст и зголемување на депозитната активност во банките, оцени денеска гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов.
Целта е да се привлечат овие два гиганта од филмската индустрија и да почнат со работа во нашата земја, се вели во соопштение на Министерството за информатичко општество и администрација.
Туристичкиот потенцијал на Република Македонија беше успешно презентиран на саемот за туризам во Белград, Србија, кој се одржа во периодот од 27 февруари до 2 март оваа година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2013 година, стапката на слободните работни места изнесува 1,33%.
Во индустриската зона Макази во близина на Ресен започна изградбата на комплексот за складирање и преработка на јаболка, инвестиција на фирмата Аппле Ланд од Дубаи во износ од 5 милиони евра.
Во 2013 година остварена е нето добивка на износ од 24.633.235 денари или 400.540 евра и е намалена за 36,5% во однос на нето добивката од 2012 година.
Од 150 кандидати, наградата за жена менаџер ја доби Христина Фуна, финансиски директор на компанијата Синпекс.
Министерството за финансии соопшти дека извршило исплата на вкупно 109,5 милиони денари или околу 1,78 милиони евра субвенции на 6.986 земјоделци по повеќе основи.
Камен-темелникот на правата фаза од проектот Реконструкција на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце поставен е свечено во неделата кај Клечовскиот мост, во околината на Кумановско.
Во Кичево беше претставен проектот за подобрување на енергетската ефикасност, како и користењето на обновливи извори на енергија во меѓуграничните региони, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА-програмата.
Скопје и Софија ги засилуваат економските односи преку поврзување на бизнис секторот со претставниците од двете општини. Ова денеска е официјализирано со потпишување Меморандум за соработка меѓу Скопскиот плански регион и Македонско-бугарската стопанска комора.
Денеска, во конференциската сала во Кабинетот на Град Скопје, свечено беше потпишан договорот за соработка помеѓу авиокомпанијата Wizz Air и Сојузот на спортови на Скопје.
На 4 април, во Приштина, Косово, ќе се одржи CEED B2B регионална средба помеѓу компании од Македонија, Косово и Албанија.
На пазарите во ЕУ, САД, Австралија, се повеќе се бараат ХАЛАЛ производи. Стандардот не се однесува само на прехранбената индустрија, туку и на фармацијата, туризмот, угостителството, козметиката, производството на амбалажа…
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,65 до 7,99 денари по KWh, по групи на потрошувачи.