Холандската фирма Van Puijenbroek Textiel утре свечено ќе го означи отворањето на својата нова фабрика за производство на работна и заштитна облека Вптекс Македонија, со седиште во општина Илинден.
ТТК Банка АД Скопје отсега може да продава сопствени акции по пат на јавна понуда. Ова одобрение банката го доби по одлуката на Комисијата за хартии од вредност на 25-тата седница што се одржа вчера, а со која претседаваше Претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска.
Компанијата Здравје Радово донираше финансиска помош за децата заболени од аутизам.
Каналите TLC, Animal Planet HD, Discovery Science HD и Discovery Showcase HD отсега ќе бидат бесплатно вклучени во дигиталната платформа на операторот.
По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, вработените од компанијата ОКТА доброволно ќе се откажат од своите купони за храна и собраните средства ќе ги подарат на Црвениот Крст на Скопје, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области.
Т-Мобиле Македонија ги известува своите корисници дека се уште не е договорена интерконекција со мобилниот оператор Албафон.
Едукативниот портал на Македонската берза, Виртуелна берза, наменет за сите оние кои сакаат да стекнат искуство при тргување со хартии од вредност и да бидат подготвени за вистинско тргување на Македонската берза, од денес ќе почне да функционира.
Во технолошко-индустриската развојна зона Штип ќе се гради нова фабрика, инвестиција на хрватската компанија Кумал.
Преку посебна свеченост во Неготино, Федерацијата на фармерите на Република Македонија, по шести пат ќе го одбележи 15 октомври - Меѓународниот ден на руралната жена.
Дане Тодоровски освои прво место за неговиот бизнис план МЕО- Мрежа на електронски отпад, второто место и припадна на Аделина Селими за нејзиниот бизнис план Warlander и Блерант Рамадани ја освои третата награда за бизнис планот In Safe Eco Energy.
Стопанската комора на Македонија го поздравува повлекувањето на Предлог законот за прекршоци од собраниска процедура, кој предвидуваше високи казни за компаниите.
Почнувајќи од утре, па се до 19 октомври, Скопски саем ќе биде домаќин на 39-то издание на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита ТЕХНОМА 2013.
Освојувајќи пет Гран-при признанија и едно злато, Њу момент беше најуспешна во конкуренција на 307 други агенции од 26 држави кои учествуваа со свои кампањи и решенија.
Станува збор за почеток на соработка меѓу компанијата Пакомак и општина Тетово, со цел поефикасно менаџирање со отпадот во Тетово, проблем што изминатите години беше на врвот на листата на проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Министерството за економија денес ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис-планови во рамки на проектот Организирање натпревар за започнување бизнис.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,9% на месечно ниво, а пониски за 1,3% на годишно ниво.
На врвот од планината Јабланица ќе се гради жичница долга околу 3,5 километри, за што деновиве ќе биде распишана и тендерската постапка.
Пред руралните жени од Полог ќе биде презентирана главната можност за вработување, собирањето на диви билки, шумски плодови и печурки, растенија кои се во изобилие присутни во планините и шумите на Полог.
Mинистрите за земјоделство на Република Македонија и Руската Федерација Љупчо Димовски и Николај Фјодоров вчера во Москва одржаа средба во пресрет на меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.
Изградбата на новите автопати Скопје - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид ќе биде реализирана со исклучитено поволен кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од дваесет години, пет години грејс период и каматна стапка од 2% поени.
Рокот за поднесување апликации за добивање земјоделски субвенции кои се однесуваат за полјоделство, сточарство и аквакултура, односно рибниот фонд, ќе биде продолжен до 20-ти октомври годинава.
Albafone, четвртиот мобилен оператор во Република Македонија, соопшти дека во петок официјално стартува со работа.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе гради нов антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава.
Иновативните бизниси, развојот, лидерските способности и човечките ресурси ќе бидат темите на кои ќе се диксутира на вториот и завршен ден на глобалниот инвестициски самит на Македонија 2025.