Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на трошоците на животот 100.2.
Правилникот за материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната од денес стапува на сила.
Авиопедиа ја отвори зимската сезона, промовирајќи го новиот директен лет Скопје-Берлин со прекрасна коктел забава, на која присутствуваа бројни соработници и колеги.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вчера ги презентираше измените и дополнувањата на Законот за градење.
Странските директни инвестиции во Македонија во периодот јануари-јули 2013 година достигнале 130,5 милиони евра што е за 42 милиона евра повеќе од лани.
Стопанската комора на Македонија денес соопшти дека состојбите во текстилната индустрија се подобруваат.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2013 година во однос на август 2012 година изнесува 101.6.
Наместо до 21 часот, од утре алкохолните пијалоци во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот.
На четиридневниот биенален меѓународен фестивал на сирење Cheese 2013, кој се одржа во градот Бра во северна Италија, Македонија се претстави со Галичкиот и Лазарополскиот кашкавал и сирењето од Бистра.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ денес промовираше нова пост пејт понуда TOTAL S на пазарот на мобилната телефонија наменета за пензионерите.
Град Скопје шести пат по ред ќе избира најдобар угостителски објект.
Техномаркет најавува голема донација во Клиниката за детски болести. Во следните неколку месеци, најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство ќе издвојува дел од својот месечен промет и ќе го намени за опремување на ЕХО собата во оваа клиника.
Во општина Илинден, во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, денес ќе биде отворена експозитура на Охридска банка.
Заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски вчера се сретна со тутунопроизводителите во Прилеп, со вработените во подрачната единица на министерството и со раководството на Тутунскиот комбинат пред почетокот на раниот откуп на тутунот во кутии, кој стартува утре.
Министерството за економија објави сопштение во кое се вели дека увезените камиони со ЕУРО 3 стандардот кои влегле во Македонија до 30 јуни, ќе добијат дополнителни 30 дена за да ја завршат постапката на одобрување.
Просечната нето плата во јули годинава изнесувала 21.013 денари, додека бруто платата 30.851 денари.
Претставници на компанијата Кутурбес травел, за време на бизнис форумот во Бостон најавија дека од мај и септември 2014 година, планираат да организираат патувања за Американците во Македонија, аранжман што чини осум илјади долари.
На маргините на 38-то Заседание на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО), во Монтреал денес, беше парафирана Спогодбата за воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Канада.
Според одлуката донесена на пленарната седница на БЕРЕК, што се одржа во изминатите два дена во Рига, Летонија, директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски е новиот член на Бордот на директори и потпретседател на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC).
Во просториите на Стопанска комора денес ќе се одржи завршна конференција по проектот КОКУРТ Создавање услови за користење на Европските реформски алатки за пазарот на труд во Македонија преку трансфер на словачко искуство.
Во Ресен денес започнува традиционалната манифестација Преспански јаболкобер со која се означува почетокот на берба на јаболкото.
Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, во почетокот на октомври 2013 година, во црна и бела боја.
Субвенциите за земјоделството до 2016 година ќе надминат милијарда евра. Поддршката континуирано се зголемува, следната година ќе бидат издвоени 140 милиони евра, а идните три се предвидуваат по 150 милиони евра. Заклучно со 2006 година Владата во аграрот досега вложи 637 милиони евра.
Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти - дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиската документација...