Преку подобрување на термоизолацијата и замена на старите системи за греење со модерни енергетски-ефикасни печки во нивните општински згради – како и преку користење енергетски-ефикасни сијалици на уличните светилки, заедницата ги намали трошоците и емисиите на стакленички гас.
Богдановиќ продолжува да се натпреварува во изборот на еден единствен наставник кој ќе ја освои конечната титула Global Teacher Prize и наградата од еден милион долари.
Со внесување на празничната магија и украсување на нивните простории со Новогодишни и Божиќни мотиви, компаниите успеаја да го донесат позитивниот дух на претстојните празници во училиштето.
Македонија е рангирана на 31 место меѓу 146 држави во светот во најновиот извештај на американскиот економски магазин Forbes за најдобри земји за бизнис.
Македонската асоцијација на преработувачи промовираше извозен каталог на англиски јазик, со детални податоци за компаниите од оваа индустрија и нивните производи, смрзнато, сушено и конзервирано овошје и зеленчук.
Работилница за проектот Поддршка на националната програма за консолидација на земјоделско земјиште, што се остварува во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
ПроКредит Банка верува дека на ваков начин дава дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.
Вработените во Т – Мобиле и Македонски Телеком ќе им донесат радост на над 2.000 деца низ Македонија
Фондацијата Т - Мобиле за Македонија традиционално веќе 13 години по ред ќе организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца.
Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, го одбележа своето 20-годишно работење на македонскиот пазар.
Телекомуникацискиот оператор Вип на корисниците во Македонија им го претставува новиот BlackBerry® Passport паметен телефон.
Македонски Телеком и Т - Мобиле Македонија одлучија на своите корисници и на сите сограѓани да им приредат незаборавно доживување, глетка која ќе ги израдува, пејсаж што ќе им ги збогати доживувањата - обојувајќи го целото Скопско Кале во магента.
Најмногу простор ќе отстапува на квалитетната андергаунд, македонска, балканска и светска музика, со повеќе емисии во сопствена продукција, копродукции, како и надворешна продукција.
Комисијата за берзански индекс на Македонската берза за берзански индекс направи редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.
Тркалезна маса за тоа како македонските компании можат да ја подобрат конкурентноста и да промовираат култура на континуирано подобрување преку подобрени практики за управување со енергијата.
Компанијата, која што се занимава со санитетски материјали за медицински цели, ќе изгради деловно - магацински објект со површина од 1.000 метри квадратни, чија вредност би била над 500.000 евра.
На најуспешните претприемачи за микро и мали претпријатија ќе бидат доделени награди, а Министерството за економија ќе додели посебна парична награда за најиновативна компанија од технолошки аспект.
Во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, цените на тековно потрошени средства во земјоделството бележи намалување од 4%.
Прилепскиот тутунски комбинат денеска почна со откупот од годинашната реколта. Дневно ќе се откупуваат од 50 до 60 тони тутун, а парите за исплата на тутунарите се обезбедени.
Електричниот и електронскиот отпад во себе содржи опасни елементи и тешки метали кои доколку дојдат во допир со природата се многу штетни и можат да предизвикаат еколошка катастрофа.
Продажните цени на производителите на индустриски птоизводи во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, се непроменети, додека во споредба со истиот период лани, тие бележат намалување од 1,2%.
Прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период минатата година, забележа пораст од 21,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Горивата од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за четири односно 4,5 денари, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Маркетот се простира на 400 метри квадратни, со сопствен паркинг и три наплатни каси. За квалитетот на услугата да биде на највисокото ниво ќе се погрижи тим од 18 вработени.
Подобрување на бизнис соработката меѓу Македонија и Албанија е тема на деловниот појадок што се одржува денеска во Тетово, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).











