Македонската публика ќе има единствена можност да ги проследи најдобрите и најнови филмови од светот на анимацијата на четвртиот Меѓународен фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест, што започнува денеска и ќе трае до 6ти декември.
Тркалезна маса на тема Одлив на работна сила од ИКТ секторот ќе се одржи денеска во организација на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Со рециклирање само на хартија во 2014 во Македонија, преку системот на Пакомак, спасена е шума од 70.000 дрвја, заштедено е вода потребна да наполни 42 олимписки базени, 4.000 тони нафта и заштедена е електрична енергија која би ја потрошиле 3.900 семејства во трособен стан во период од една година.
Најдобро младо бело вино ризлинг на Јордан Колев од неготинското село Курија, а најдобро младо црвено вино е каберне совињон на Сашо Тасев од Кавадарци.
Телеком и Т-Мобиле Македонија од оваа година се вклучуваат во поддршка на Твитер и блогираме награди, организирани од blogirame.mk веќе по трети пат.
Со кампањата Заедно, до подобри резултати, Рамстор Македонија ги охрабрува сите лица со оштетен слух, говор и глас да се придружат на тимот и да бидат дел од успешните вработувања.
Раст бележат и депозитите и кредитите, кои се повеќе насочени кон поголемите претпријатија, а многу малку кон малите и средните претпријатија и почетните бизниси.
Народната банка денеска беше домаќин на четвртиот регионален состанок на супервизорските органи од регионот.
Coincasa предлага производи што не се карактеризираат со конвенционалните божиќни и новогодишни симболи, што овозможува истите декорации да се користат во текот на целата зимска сезона.
Нови инвестиции на шест градежни парцели во локалните економски зони во општина Илинден, се реализираат со ноемврискиот циклус на електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште.
Донацијата од кампањата на Жито Маркети, Заедно да помогнеме, наменета за поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина е доставена до двете најпогодени општини.
Прирачникот е резултат на двегодишна работа на двајца психотерапевти, поддржани од Комерцијална банка, кои развија специфична методологија за работа со жени жртви на семејно насилство.
Тема на овогодишниот Финекспо се Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија.
Сојузот на стопански комори на Македонија организира тркалезна маса на тема Поддршка, поттик и промоција на жени претприемачи.
Единственото улично списание во земјава, Лице в лице ја доби наградата за медиум кој дал придонес за развој на филантропски практики во Република Македонија.
Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 9,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пред платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј дистрибуираа едукативни материјали и кондоми Дурекс за студентите.
Компанијата Аутомакедонија оствари добивка од 8.128.000 денари, во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Со потпишувањето на овие два договора, секоја од руралните општини ќе добие по 240.000 евра, додека урбаните општини по 120.000 евра.
Со тоа цената на Еуросупер БС - 95 ќе биде 70,00 денари за литар, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 71,50 денари. Намалување од два денари има кај дизелот горивото Еуродизел (Д-Е-V) и ќе чини 60 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, стапката на
слободните работни места изнесува 1,58%.
Промоцијата важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор за пакет со три услуги на 24 месеци. Специјалната новогодишна промоција е временски и количински ограничена, до 31.12.2014 година.
Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија денеска на седница ќе го разгледа Предлог - енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година.
Денеска истекува рокот кога компаниите имаат обврска да достават план на архивски знаци, листа на архивски материјали и документарен материјал со рокови за чување до Архивот на Македонија.











