Се намалува трговската размена на Македонија со странство. Повеќе паѓа извозот од увозот на стоки. Обемот на трговската размена во август годинава, во споредба со истиот месец од минатата година се намалил за 26,2%. При тоа извозот паднал за 28,7%, а увозот за 24,6%.
Рачниот багаж кој не го собира под седиштето во авионите на нискобуџетната компанија Виз ер почна да се наплаќа, а цените се движат од 20 до 60 евра. Зголемувањето ќе важи за секој кој ќе си резервира билет за лет по 24 октомври.
НОВА Агробанка станува дел од Поштенска штедилница. Оваа банка што државата ја формираше после одземањето на дозволата за работа на старата Агробанка вбризгувајќи 100 милиони евра, сега треба да работи со системот на Поштенска штедилница.
Централната банка објави дека штедењето во денари веќе почнува да доминира во валутната структура на депозитите, искачувајќи се на 50,7% учество.
Трајна примена на повластената стапка од 5% данок на додадена вредност за увоз на компјутери, софтвер и сончеви колектори се измените на Законот за данок за додадена вредност, кои на предлог на Министерството за финансии биле усвоени од Владата.
Македонски Телеком во трговскиот центар Скопје сити мол го промовираше новиот продажен салон со најмодерни технологии, кој е единствен од овој тип во регионот, а трет по ред во рамки на целата Дојче Телеком групација.
Федерацијата на фармерите на Македонија (ФФРМ) вчера одбележа 10 години од основањето и пет години од издавањето на списанието Моја земја.
Станува збор за печка за поцинкување на лимени плочи, според најсовремена технологија
Компании од текстилната индустрија денеска во Скопје ќе дебатираат на тема „Одржлив развој на текстилната индустрија во Република Македонија“
Арчелор Митал денеска ќе ја претстави најновата инвестиција на компанијата во вредност од 3,5 милиони евра во нова постројка за поцинкување.
Automobile SK е новиот ексклузивен увозник на легендарната американска марка Jeep.
Од сега фановите на Converse и Dr. Martens ќе можат да одбираат и купуваат со задоволство од најновите трендовски колекции на светски познатите брендови во Skopje City Mall, во новата продавница на Arthur’s која се наоѓа на првиот кат во самиот трговски.
Светски брендови и големи локални трговски марки ќе понуди за потрошувачите од Македонија и од регионот новиот трговски центар Скопје Сити Мол
Најпознатиот германски бренд за мода за млади New Yorker ја отвора својата втора продавница во Скопје
Бизнис средби на македонски фирми со реномирани австриски компании од областа на екологијата ќе се одржат денеска во Стопанската комора на Македонија.
Во јануари годинава широкопојасен пристап на интернет, преку фиксна или мобилна конекција имале 87,3% од фирмите со десет или повеќе вработени.
iStyle е најголема трговска мрежа за продажба на Apple производите за подрачјето на централна и источна Европа, Блискиот Исток и Африка.
Новиот продажен салон што ќе го отвори Телеком во Сити мол ќе биде единствен од ваков тип во регионот.
Македонски железници - Транспорт, со кредит од Европската банка за обнова и развој вреден 50 милиони евра, ќе се подноват со 150 товарни вагони, четири дизел моторни и две електромоторни патнички гарнитури.
Денеска министерот за економија Ваљон Сараќини, заедно со министерот за економски развој и комуникција на Естонија Јухан Партс го отворија македонско-естонскиот бизнис форум.
Единаесет македонски винарнии, организирани преку Здружението Вина од Македонија ќе ги промовираат своите вина во Хаг и Варшава.
Компаниите со октомвриските сметки ќе плаќаат 399 денари (без ДДВ) месечна претплата за телефонска линија со еден говорен канал и 694 денари (без ДДВ) месечна претплата за телефонска линија со 2 говорни канали.
Гранит извести дека потпишале нов договор со Дирекција за технолошки индустриски развојни зони вреден 35,24 милиони денари или 573.000 евра.
Нов проект за развој на планински туризам најави Владата, кој опфаќа инвестиции во планинските туристички центри.