Новости

Шест банки во Хрватска се под истрага на Хрватска народна банка (ХНБ) за да им се докаже злоупотреба на положбата во наплата на трошоци за опомени.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денес најави дека кон крајот на следната недела ќе се потпише договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен тек.
Бразилскиот стадион Estádio Governador Magalhães Pinto доби нов фотонапонски покрив за Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2014 година.
На повикот за ангажирање лица на раководни позиции во државната управа што го објави Владата, аплицирале над две илјади кандидати
Според надлежните ХЕЦ Шпилје е пред реализација на годишниот производен план, благодарение на исклучително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, и максималната подготвеност на електромашинската опрема.
Пакистанскиот министер за ИТ и телекомуникации Ануша Раман Кан најави дека доколку не ги отстрани сите “бласфемични и навредливи содржини” од YouTube, ќе бидат блокирани сите страни на Google.
Руски Газпром, клучниот кандидат за купување на грчката компанија за гас ДЕПА се повлече во последната фаза. Малата руска енергетска компанија Синтез и два грчки кандидати исто така се откажаа од учеството на тендерот за купување на ДЕПА и ДЕСФА.
Во Македонската берза денес ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата, со првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.
Словачки компании се заинтересирани за купување на српската фармацевтска компанија Југоремедија во стечај и за приватизација на Минел трансформатори.
На територијата Република Македонија во текот на 2012 година изградени се вкупно 1.403 бесправно регистрирани објекти, соопшти Државниот завод за статистика.
Законот за психичко, физичко и сексуално вознемирување или таканаречениот Закон за мобинг почнува да се применува од денеска. Според истражувањата на ССМ, на мобинг најчесто биле изложени вработени во текстилната индустрија, делови од здравството и јавната администрација.
Училишниот проект на ЕВН Македонија за оваа учебна година се заокружи со детскиот камп во Струга каде што основците од земјава учествуваа во квиз-натпреварите за енергетска ефикасност.
Хрватската влада ќе ги даде автопатиштата под концесија на 50 години и за тоа ќе добие три милијарди евра, пишува Вечерњи лист. Потенцијални инвеститори се осигурителните компании, инфраструктурни фондови, банки и пензиски фондови.
Google ги зголеми наградите што ги исплаќа за откривање на сериозни безбедносни пропусти во своите производи. До сега Google има примено 1.500 извештаи за пропусти кои се прифатени, а преку 250 лица добиле вкупно околу 828.000 долари.
Шестгодишната АгБиз програма од проектот на УСАИД за агробизнис во Македонија денес напладне во Куршумли ан свечено ќе биде затворена.
Причина за тоа се реакциите на кинеските производители на автомобили дека европските фирми, благодарение на субвенциите на своите влади, можат да продаваат автомобили во Кина со загуба.
Францускиот воздухопловен синдикат планира да штрајкува од вторник до четврток, а авиопревозниците ќе мора да го намалат бројот на летови на големите аеродроми, објави француската управа за цивилно воздухопловство.
Министерството за транспорт и врски објави конкурси за изработка на идејно архитектонско - урбанистички решенија за уредување на плажи на Дојранското и на Преспанското езеро.
Истанбул Шопинг Фест (ISF), кој се одржува помеѓу 8 и 30 јуни, се очекува да привлече 1,1 милиони странци кои ќе потрошат преку 200 милиони евра.
Институтот за селекција на квалитет Monde selection, кој е една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалаците и прехранбените производи во светот, признаена од Европската Унија, додели четири златни медали на Скопско пиво.
ОНЕ од денес воведува нов неделен пакет во при-пејд за 79 денари неделно со вклучени минути за разговори кон сите мрежи во Македонија.
RWE Хрватска, филијала на германската групација RWE, ја заврши аквизицијата на компанијата Енергија 2 Системи и стана нејзин 100% сопственик. Со тоа влезе на хрватскиот пазар за снабдување со енергија.
Стопанствениците на Сојузот на стопански комори и претставници од Владата денес ќе остварат средба со бизнис делегација од Украина која е во тридневна посета на Македонија
Хрватска пошта почна да откупува стари мобилни телефони, а откупната цена зависи од староста и состојбата. Како што дознава Пословни дневник, за исправен мобилен телефон корисникот ќе добие две евра, а за неисправен едно евро.