Новости

Десет ирачки сателитски ТВ станици ги изгубија лиценците поради промовирање на верско насилство, соопшти ирачката Комисија за комуникации и медиуми.
Засега нема информации за потенцијални купувачи, но аналитичарите укажуваат на можен влез на авиокомпанијата Етихад од Обединетите Арапски Емирати во овој регион. Тие веќе преговараат со српската влада за купување на 49% од ЈАТ ервејз.
Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија велат дека главниот резултат на овој процес е дефинирањето на пет пазари со најголем извозен потенцијал за македонските производители.
Норвешката телекомуникациска компанија Теленор потпиша договор со грчкиот мобилен оператор ОТЕ за купување на бугарскиот телеком Глoбул, за сума од 717 милиони евра.
Во рамките на 8-от Светски коморски конгрес во Доха, Катар Сојузот на стопански комори ја прошири својата мрежа за соработка со Стопанските комори од целиот свет.
Од 1 јуни Македонија ќе биде прва држава во регионот која ќе издава одобренија по електронски пат, а граѓаните ќе добијат поедноставни и побрзи услуги. Со новиот систем се овозможува и трето лице да може да поднесе барање во име на барателот на одобрението.
Фабриката на ArcelorMittal Скопје, вчера го одбележа Денот на здравјето и безбедноста.
FAA, сојузната управа за воздушен сообраќај издаде налог со кој официјално од денес завршува забраната за лет на авионите Боинг 787. Дримлајнерите на Боинг беа приземјени на 16 јануари, по неколку сериозни дефекти на акумулаторите.
Патничките билети на бродските и брзобродските линии во Хрватска од 1 јуни за жителите на островите поскапуваат за 20%, а за останатите патници од 40%, па се до дури 173%.
Со конференција на тема Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата? Народната банка (НБРМ) ќе ја одбележи годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.
Според последните податоци на Европското здружение на произведувачи на автомобили (ACEA), голем процент од граѓаните на Европската унија се одлучуваат да купат велосипед наместо автомобил.
Потенцијални инвеститори од кинеската провинција Сичуан, претставници од вкупно 12 компании, денес ќе ја посетат Македонија, со цел да се запознаат со деловните и инвестициските услови во државава.
Американскиот Сенат би можел следниот месец да го усвои новиот данок на онлајн трговија од кој се очекува годишно да се соберат 23 милијарди долари.
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски вчера ја промовираше новата електронска продавница Нико Фон.
Компаниите SBB, Телемах Словенија и БиХ, Тотал ТВ и уште 15 помали компании во сопственост на МиД Европа партнерс, ја формираа United Group, групација на водечки пеј - ТВ оператори во југоисточна Европа.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ја отвори 6-тата Годишна конференција Правата од интелектуална сопственост: Заштита и едукација во Македонија, организирана од страна на Американската стопанска комора во Република Македонија.
Сите резидентни и бизнис корисници кои од 25 април ќе активираат нова услуга, но и постоечки корисници кои ќе обноват договор на 24 месеци ќе ја искористат актуелната промоција 3 месеци без претплата.
Со мотори кои се во тркалата, компонентите кои се потребни за возење, забавување и технологиите за помош на возачот се инсталирани во интегриран погон на осовина на тркалото - вклучувајќи и електричен мотор, системи за кочење и ладење.
Канцеларијата ќе има улога да им помогне на сите заинтересирани бизнисмени кои сакаат да инвестираат во кичевскиот регион, полесно да ги искористат владините мерки за поддршка на бизнисот.
Нето добивката на Банката за 2012 година изнесува 8,1 милиони евра, повратот на капиталот РОЕ е 10,1%, билансната актива е 968 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,6%, со што Банката повторно оствари подобри резултати од просекот на македонскиот банкарски сектор.
Швајцарската влада одлучи да издава работни дозволи за државјаните на сите земји членки на Европската унија. Оваа мерка веќе е воведена за државјаните на осум земји од централна и источна Европа.
На натпреварот за најполица 2013, односно за Најдобри мерчендајзери во Македонија за 2013 година беа избрани Крашкомерц.
Банкарскиот сектор во Србија во 2012 година работел со добивка од 75,7 милиони евра, соопшти Агенцијата за стопански регистри. Позитивно работеле 22 банки, а 10 имале загуби.
Во извештајот од испитувањето на јавното мислење во однос на пазарот на електронски комуникации, кое беше спроведено од страна на АЕК, најзадоволни од квалитетот на говорните услуги во мобилната телефонија се корисницитен на Оne.