Новости

За ова досега само се нагаѓаше, а сега е и официјално, затоа што Управата и Надзорниот одбор му предлагаат на Собранието да се гласа за измена и дополнување на статусот на ХТ, за да се додадат нови дејности.
Сервисот за електронска пошта на Yahoo во Кина ќе биде затворен до август годинава, како дел од договорот со нивниот партнер во оваа земја, Alibaba Group. Услугата се гаси на 19 август, а Yahoo им советува на своите корисници да преминат на други провајдери, како Aliyun.
Делегација од Владата предводена од премиерот Никола Груевски, ги презентираше можностите на Македонија за инвестирање на бизнис форум во организација на Стопанската комора на Сао Паоло пред повеќе бразилски бизнисмени.
Европските антимонополски власти отворија истрага поради најавите на грчкиот авиопревозник Aegean Airlines дека ќе ја преземе грчката авиокомпанија Olympic Air, јавува Ројтерс.
Овие демо фарми се наменети да бидат места каде ќе се обучуваат советниците на АПРЗ, инспекторите од ДИЗ, просветните и научните работници, фармерите и др.
Промоцијата на програмите за студирање во Канада вклучувајќи ги и програмите за работа и студирање, како и програмите кои нудат стипендија за меѓународни студенти, ќе биде презентирана во НУБ Св. Климент Охридски – Скопје, во центарот за конференциски студии на 25 април од 12-16 часот во соработка со ОИЦ
Apple соопшти дека приходите во првиот квартал за оваа година изнесуваат 43,6 милијарди долари, со што ги изненади аналитичарите кои очекуваа 42,3 милијарди. Но, добивката на компанијата паднала на 9,5 милијарди долари, во споредба со 11,6 милијарди во истиот период лани.
Македонската бизнис делегација од Сојузот на стопански комори, која во Доха учествува на 8-от Светски коморски конгрес, се сретна со дистрибутерски и логистички компании, супермаркети и посреднички компании од Катар за извоз на македонските производи во арапскиот свет.
Србија сега може да повлече 10 милиони евра годишно од претпристапните фондови на Европската унија за областа земјоделие и развој на селата, изјави државниот секретар на министерството за земјоделие, Данило Голубовиќ.
Компанијата КА-ДИС, SEAT Македонија е добитник на националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 за проектот SEAT Open 2012, во категоријата Вложување во заедницата кај мали и средни претпријатија.
Министерството за економија и националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (ООП), денес по шести пат ги доделија наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија.
Од компанијата велат дека на преселба на производството на Mini се одлучиле во согласност со својата “производството го следи пазарот” стратегија.
Американскиот произведувач на авиони Боинг призна дека можеби никогаш нема да дознаат што ги предизвика дефектите на батериите поради кои се приземјени сите дримлајнери 787, јавува BBC.
Oд 25 до 27 април ќе се одржи Саемот за туризам Скопје травел маркет, каде ќе бидат промовирани домашни и странски атрактивни дестинации за одмор и релаксација.
Од крајот на месец мај Министерството за економија во соработка со професори од универзитетите и менаџери од успешни компании ќе почнат да спроведуваат обуки за подобрување на квалитетот на работната сила кај младите преку унапредување на нивните практични знаења.
Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ постигнаа договор за новата директива за хипотекарни кредити, во која се вклучени појасни правила при одобрување на заеми и подобра процена на кредитната способност на корисникот.
NLB Тутунска банка организира наградна игра за сите корисници на MasterCard картичките, Maestro, MasterCard Standard, MasterCard Gold и MasterCard Light. Наградната игра започна вчера и ќе трае до 10 јуни 2013 година.
Повеќе од една третина од компаниите годинава доставија свои апликации за првпат, што говори дека наградата ја постигнува целта - да се прошири кругот на деловни субјекти што настојуваат да работат одговорно кон животната средина и социјалното опкружување.
Американскиот нафтен гигант ExxonMobil покажа интерес за влез и инвестиции во Хрватска, односно за учество во тендер за истражување и експлоатација на гас и нафта во Јадранот, потврди хрватскиот министер за економија Иван Врдољак.
Германските власти го казнија Google со 145.000 евра поради неовластено собирање на големи количини лични податоци на корисниците со помош на своите street view возила.
Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензините е намалена за 4,5 денари за литар, а на дизелот и екстралесното за 3,5 денари. Новата цена на литар Еуросупер БС 95 изнесува 78 денари, а литар Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 79,5 денари.
Преку мотивациски обуки кои од денес почнуваат да се спроведуваат во Агенцијата за вработување на Република Македонија се планира да се овозможи полесно вработување на долгорочно невработените лица на возраст од 40 до 49 години.
Хрватската влада ќе мора до 8 мај да донесе уредба со која, согласно директивите на Европската унија, ќе се дефинира енергетска сиромаштија, но и мерки со кои би се ублажила.
Директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов и директорот на А.Д. МЕПСО Синиша Спасов, денес потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка.