Новости

Фабриката за смрзната храна Фриком од Белград, во сопственост на хрватскиот концерн Агрокор, мора да плати 2,64 милиони евра поради злоупотреба на доминантна положба на пазарот на големопродажба на индустриски сладолед на територијата на Србија.
Брзата пруга со должина од 57 километри која ќе минува низ Алпите, ќе ги поврзува Лион во Франција и Торино во Италија, а нејзината изградба ќе чини 26 милијарди евра.
Влијаат ли пријателствата и познанствата стекнати во текот на школувањето во пронаоѓањето на работа и во развој на кариерата? Порталот EduCentar спроведе анкета, на која 61% одговориле негативно.
Со новиот развоен буџет кој треба да го изгласаат советниците од Советот на Општината, Битола ќе добие стопански и економски развој, но и подобри инфраструктурни услови, грижа за социјалата, соодветни услови за образование, како и капитални инвестиции.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека македонско-бугарската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај, потпиша протокол со кој е договорено годинава да се размени дополнителен контингент од 50 транспортни дозволи за и од трети земји.
Продажбата на нови автомобили во Франција стрмоглаво опадна за 19,2% во однос на претходниот месец, додека во периодот од 11 месеци годинава, заклучно со ноември, опаднала за 13,9%.
Причината за огромната кршливост на оризовото зрно што годинава ги затече производителите, се уште не е утврдена. Како што се вели, забележано е преполување на приносот и никакви мерки не би ја надоместиле загубата.
Германскиот канцелар Ангела Меркел, за прв пат досега не ја исклучува можноста да се отпише долгот на Грција за неколку години.
Според Државниот завод за статистика цените на мало и трошоците на живот во ноември се на исто ниво како во октомври. Податоците покажуваат дека, сепак кај одредени групи на производи и услуги се забележани одделни движења на цените.
Македонски Телеком АД – Скопје како давател на универзална услуга кој ги следи законските регулативи, ќе нуди изменет Минимален тарифен модел. Изменетиот модел корисникот ќе го добие за месечен надомест од 259,60 денари со вклучен ДДВ.
ФИНКИ (Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство), е повторно хуман, зема учество во проектот “Еднаков пристап за лица со посебни потреби преку сервисното учење”, проект кој е помогнат од Американската Алумни Асоцијација.
Турскиот архитект Метин Хепгулер понуди проект – вештачки остров, инспириран од турското национално знаме, вреден 2,4 милијарди долари, пишува Hürriyet.
Во последните четири години, по основ на странски инвестиции во Република Македонија се влезени милијарда и 550 милиони евра. Износот е двапати повеќе од вкупниот прилив по тој основ во периодот од 1990 година до 2005 година, не сметајќи ги приватизациите на државните монополи.
Преку претставувањето на вината на Стоби, во синџирот продавници поврзани со големиот дистрибутер Вајнбоу, добро подготвената кампања за претставување на македонското вино во САД, ги даде првите резултати.
Функционирањето и мисијата на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, денес ќе биде промовирано од страна на претседателството на Советот.
Автомобилскиот гигант Форд повлече 89.000 возила во САД и Канада поради загриженост дека моторите можат да предизвикаат пожар.
Групацијата Триглав оствари нето добивка во износ од 50,5 милиони евра за првите три квартали од годината, а објавената добивка пред оданочувањето изнесуваше 62,6 милиони евра. Нето добивката на матичната компанија изнесува 39,2 милиони евра.
Можноста за патување од Скопје кон една од шесте нови европските дестинации, на нискотарифната авиокомпанија Виз ер, за еден месец ја искористиле над 15.000 патници.
Европа не е многу позната по импресивни облакодери, но резултатите што ги објави Emporis се изненадувачки. Од десетте највисоки згради во Европа, пет од нив се наоѓаат во Москва.
Македонија го доби Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики во износ од 50 милиони долари од Светска Банка. Овој заем е првиот од двете програмски активности кои ќе ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија.
Најголемиот дел на овогодишниот род на пченка во Србија е контаминиран и во себе содржи отровни материи, изјави генералниот директор на СГС Србија, Маринко Укропина.
Бројот на кредитни картички во Турција што ги користат поединци е зголемен за повеќе од двојно во последните четири години, според податоците на BDDK, национален банкарски регулатор.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес повика на користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
Преговарачите од земјите членки на Европската унија постигнаа првичен договор за нацрт буџетот на 2013 година во вредност од скоро 133 милијарди евра, при што трошоците се зголемени за шест милијарди евра во однос на оваа година.