Новости

Вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора во првите девет месеци изнесувала 1,85 милијарди евра и била 2,6% помала во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Монстат.
Kако дел од проектот на УСАИД Бизнис без граници, во организација на Фондацијата Бизнис Стартап Центар Битола, денес ќе се одржи конференција насловена Што ние правиме за малите и средни претпријатија (МСП)?
Шведскиот гигант за производитство на телекомуникациска опрема Ericsson излезе со соопштение дека поднел тужба пред американскиот суд против јужнокорејската компанија Samsung поради кршење на патенти.
Телекомуникацискиот оператор One донираше повеќе од стотина парчиња употребуван, но сочуван мебел на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Според податоците со кои излезе Држaвниот завод за статистика индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2012 година во Македонија изнесувала 20.799 денари.
Директорот на Гаспром Алексеј Милер и трговскиот управник на крањската телекомуникациска компанија Комита, Аљоша Иванчич, потпишаа акционерски договор за основање нова компанија South Stream Telecom AG.
Република Македонија денес ќе потпише меѓудржавен договор за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата со Народна Република Кина.
Италија планира драстично да ги намали трошоците на внесување на акциите на мали и средни претпријатија во берзанските котации.
Денес, утре и задутре во Скопје, Супербрендс Македонија ќе одржат предавања на тема Основни комуникациски стратегии за поуспешни продажни резултати. Познатиот хрвтатски професор, социјален педагог и лиценциран тренер за НЛП методата на комуникација, Саша Теноди, ќе биде главниот предавач на настанот.
Најскапо гориво во регионот точат граѓаните на Словенија и Србија, бензинот е најевтин во Босна и Херцеговина, а дизелот е најевтин во Македонија.
Економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на состојбата во септември годинава, а понеповолна споредена со октомври лани, објави Државниот завод за статистика.
Источна Европа е на добар пат да ја претекне Западна во производство на автомобили. Во време на криза на пазарите, местото на производство е важен фактор, а најголема предност на источна Европа се ниските трошоци на производство.
Министрите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд се договорија до 2020 година грчкиот долг да го намалат на 124% БДП. По 12 часа преговарање, министрите за финансии од еврозоната и ММФ најдоа заедничко решение, па во декември ќе почне да и се исплаќа финансиската помош на Грција.
Во денешно време во услови на рецесија, еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат фирмите е како да ги наплатат продадените услуги и производи и како да останат ликвидни. Поради вакви причини, за жал, голем број фирми во Македонија секојдневно се затвораат.
Народната банка на Србија (НБС) наскоро ќе понуди конкретни решенија за спорните и ненаплатливи кредити. Постојат неколку идеи, а една од нив е оваа категорија на кредити да се преместат во некоја посебна банка.
Aпликацијата Bee Clever на Игор Христов, Герчо Атанасов, Марија Петрушевска, Љупчо Јовановски, која претставува уникатен концепт за рана едукација на деца преку забавни игри е прогласена за најдобра апликација на конкурсот Vip Македонски предизвик.
Вкупно девет компании од земјоделскиот сектор искористиле вкупно 2,8 милиони евра од кредитот што го пласира Македонската банка за поддршка на развојот. Во фаза на одобрување се нови четири барања во вкупен износ од 800.000 евра, информираат од банката.
Францускиот министер за обнова на индустријата, Арно Монтбур, за весникот Les Echos изјави дека повеќе не го сака челичниот гигант Arcelor Mittal во Франција и дека бара индустриски партнер кој привремено би го презел работењето на оваа група.
Во организација на Синдикатот за транспорт и врски денес во Скопје ќе биде промовиран прирачникот за обука за родово организирање Силни жени во транспортот, на македонски јазик.
Бугарската компанија Булгартабак испрати писмо со намери во кое е наведено дека се заинтересирани за купување на фабриката за тутун Бања Лука и дека ќе направат квалитетна социјална програма.
Волфганг Шојбле е најдобриот министер за финансии во Европа за 2012 година, според изборот на The Financial Times (FT).
Викенд предавањата на Академијата за менаџери започнаа со првиот модул од програмата Стратешки менаџмент Стратешко менаџирање на МСП (мали и средни претпријатија): градење одржлива конкурентна предност.
Домашниот онлајн маркет MarketKonekt се проширува и на пазарот во Бугарија. Отсега домашните компании добиваат единствена можност за олеснета интернет трговијата не само со македонските, туку и со бугарските купувачи.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија во петокот се одржа настан под мотото Подигнете го вашиот бизнис на сосема ново ниво. Настанот беше организиран од охридската фирма Инфо Биро во соработка со GS1, Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите и надворешниот соработник Pantheon Group од Словенија.