Новости

Со реализација на договорот, Меркатор заедно со Агрокор ќе остварува годишни приходи околу седум милијарди евра и ќе вработува преку 60.000 луѓе, со што ќе стане најголема малопродажна компанија во централна и источна Европа.
Унгарскиот авиопревозник Wizz Air планира оваа година да ги излиста своите акции на Лондонската берза. На тој начин компанијата планира да дојде до свеж капитал.
Според бројот на многу богати луѓе во анализата што ја изработи World Ultra Wealth Report (WUWR), Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде при дното на европската листа, односно од вкупно 45 европски држави, на 42-то место.
Од 80 точки колку што има декретот, најважна е ставката со која повеќе никој нема да може да биде исфрлен од станот затоа што е должен.
Косовската влада донесе одлука камионите кои од Македонија превезуваат стока на Косово во иднина да плаќаат по 100 евра такса за влез во соседната држава, при тоа наведувајќи дека се работи за рециприоцитетна мерка.
Од следната недела на македонскиот пазар компанијата Дукат ќе понуди нов производ - единствено трајно млеко, произведено од одбрани фарми кои се сертифицирани за органско производство на млеко, според правилата на ЕУ.
Исланд официјално се откажува од Европската унија, изјави министерот за надворешни работи Гунар Браги Свенсон пред ЕК. Тој додаде дека двете партии кои ја сочинуваат новата влада биле за откажување од преговорите со ЕУ, а граѓаните ги поддржале на изборите.
Најголемата стопанска комора на Малезија пред своите членови ги промовираше условите и можностите за инвестирање и развој на трговските односи со Македонија.
Oпштина Охрид почна да ја подготвува брошурата насловена Инвестирајте во Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој согласно новата програма за 2013 година.
General Motors од следната година ќе започне со монтажа на Opel Corsa во Белорусија. Во првата година ќе бидат произведени 7.000 возила кои ќе бидат наменети за рускиот, белорускиот и казахстанскиот пазар.
Телекомуникацискиот оператор Вип на своите корисниците во пресрет на летните одмори, им понуди две нови поволни опции за разговори во роаминг.
Нова љубљанска банка (НЛБ), во согласност со словенечката влада донесе одлука акциите во Меркатор да му ги продаде на хрватскиот концерн Агрокор, јавуваат словенечките медиуми.
Српската фармацевтска компанија Галеника доби право своите производи да ги извезува на пазарите на сите земји членки на Европската унија, затоа што ги исполнува ригорозните стандарди и услови што ги поставува регулативата на ЕУ, соопшти компанијата.
Во јунскиот полугодишен извештај Светската банка (СБ) ја крена прогнозата за раст на македонската економија од 1,0% на 1,4%, колку што прогнозираше во претходниот извештај.
Владата на Република Македонија утре ќе распише оглас за самовработување со кредитирање на кој ќе може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување.
На плоштадот во Гевгелија вчера се одржа Саемот на храна и вино. Манифестацијата беше завршен дел од проектот што заеднички го реализираа општините Гевгелија и Пеонија од Грција во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка.
Вината Вранец и Жилавка отсега ќе можат да се најдат во 15 маркети од ланецот Binny’s Beverage, кои се лоцирани во градот Чикаго и околината.
Во организација на Едукативниот и развоен центар на Сивус, вчера започна четиринеделната летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom.
Гостите во Цавтат ќе доаѓаат со приватни авиони, ќе спијат во соби од 160 метри квадратни, за нив ќе се грижат пет собари и приватни батлери, а за спиење ќе плаќаат најмалку 1.200 евра по лице.
Системот за издавање на е-потврди кој е воведен е согласно мерките предвидени во четвртата фаза на Регулаторна гилотина, започна да функционира во мај годинава.
Турските серии пред пет години се продаваа во просек по 4.000 долари по епизода, а сега достигаат неверојатни 150.000 долари по епизода.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите кои во април биле регистрирани во Македонија изнесува 42.380, што е за 4,1% повеќе во однос на истиот месец лани.
Владата овој законски предлог го образложи со податокот дека во Словенија невработеноста е во критичен пораст, а во Заводот за вработување се пријавени 124.000 лица.
Млечнаta компанија Здравје Радово соопшти дека во првите пет месеци од годинава произвеле над 1.500.000 производи од познатото Кисело Млеко, со што ги надминале резултатите остварени во истиот период од изминатите 11 години.