Новости

Google веќе со месеци подготвува систем за наплата за YouTube, а тест периодот за наплата на содржините би требало да опфати 50 канали, за кои месечно ќе се плаќа 1,99 долари. Се уште нема никакви информации кои канали ќе се наплаќаат.
Министерот за економија Ваљон Сарачини викендов во Струга оствари работна средба со градоначалникот Зијадин Села на која беше претставена владината програма за поддршка на општините.
Годинава во првиот квартал скоро тројно е зголемено производството во автомобилската индустрија, а висок раст е остварен во производството на нафтени деривати, хемиската, фармацевтската и тутунската индустрија.
Aвио компанијаta Wizz air воспостави директен лет од аеродромот Александар Велики во Скопје до аеродромот Скавства во Стокхолм. Директната линија е предвидено да сообраќа два пати неделно, секој понеделник и петок.
Засега услугата е достапна само за корисниците на Британија, набрзо ќе биде достапна и во САД и Германија, а глобалното лансирање се очекува до крајот на ова лето.
Со новите предлог-измени и дополнувања, се предвидува за тераси на објекти со намена домување во станбени згради и за тераси на згради, кои се пренаменети во станбен простор, да се пресметува надоместок во висина од 61 денар по метар квадратен.
Годинава цените на мало во април споредено со претходниот месец бележат пораст од 0,9 %, а трошоците на живот за 1,3%
Новата банкнота од пет евра, прва од серијата наречена Европа, од денес ќе биде пуштена во промет, соопшти Европската централна банка.
Поради ненадејно масовно заминување на боледување на кабинскиот персонал на хрватскиот авиопревозник Кроација ерлајнс, по вчерашните, компанијата и денес се соочува со нарушувања во редот на летови.
Во првиот квартал од оваа година, Србија во трговија со земјите од ЦЕФТА договорот остварила суфицит од 298,8 милиони долари, објави Републичкиот завод за статистика.
На панелите на НЕМ ќе учествуваат челни луѓе на водечките светски компании меѓу кои се AGB Nielsen, Google, HBO, NBCUniversal, CISCO, 3D Content Hub, Fox International Channels, T-Com, Chello Central Europe, Sony Pictures Television Networks, Antenna Group, AMC/Sundance Channel, Al Jazeera Balkans...
Министерството за здравство додели 28 лиценци за отворање аптеки на руралните области во државава.
Германскиот работнички синдикат Верди и авиокомпанијата Луфтханза потпишаа договор за платите на 33.000 работници. Со договорот е предвидено покачување на платата во различни сектори од 3% до 4,7%.
Алкохолните пијалоци во трговските објекти од вчера почнаа да се продаваат до 21 часот, наместо наместо до 19.
Американското обвинителство подигна обвинение против локалната филијала на швајцарската фармацевтска компанија Новартис, поради поткуп на лекари. Компанијата на лекарите им овозможувала различни погодности, а тие за возврат ги препишувале нејзините лекарства.
Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов денес одржа информативна средба со приватните издавачи на легла, со цел да се запознаат со новиот систем за категоризација кој годинава ќе се воведе за прв пат.
На меѓународниот пазар, земјите од Балканот го заземаат петтото место на произведувачи и извозници на вино, по Франција, Италија, Шпанија и САД.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески изрази задоволство од подготвеноста на компанијата Аткинс, како главен проектанат на луксузниот хотелски комплекс Сахарјан Македонија, да се прифатат сите забелешки и критериуми што од нив ќе ги побараат македонските власти.
Мартин Тимов, Ташо Ќосев, Александар Тасески и Александар Спасески се младите инженери кои се пласираа во финалето на БЕСТ инженерскиот натпревар и го докажаа квалитетот на високото образование во Македонија.
Неодамнешната спроведената техничка контрола покажа дека сите бродови регистрирани во Капетанијата на пристаништа во Охрид се исправни за пловидба.
Според неофицијални информации, Carlsberg би сакал да го купи целото производство, додека на оваа фабрика повеќе би и одговарало да задржи барем еден дел, за да го зачува името БИП.
Европската комисија одлучи да забрани користење на инсектициди што убиваат пчели. Забраната, како што пишува Гардијан, ќе се однесува на целиот европски континент.
Државниот завод за статистика вчера соопшти дека индексот на индустриското производство во Македонија во март се зголемил за 4,2% во однос на истиот период минатата година.
Хрватскиот конзорциум Агрокор со уште двајца потенцијални купувачи влегоа во вториот круг за купување на словенечкиот трговски ланец Меркатор и до 15 мај треба да ја предаде понудата.