Новости

Американската компанија Watson Rharmaceuticals го заврши спојувањето на шведската Actavis Group за 5,6 милијарди долари и очекува зголемување на профитот од 30% до 40% во текот на 2013 година.
Зелена површина, езеро, вештачки водопад, базен со пикник простор, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања, сето тоа се карактеристиките на новиот станбен комплекс Верина.
Француската влада најави дека наскоро ќе го разгледа предлогот за ставање на празните станови на располагање на бездомниците.
Донесување нов закон и измена на постоечките за доуредување на дејноста, интензивно привлекување странски капитал преку економските промотори, обезбедување извори за отворање нови бањи и продажба на градежни парцели за изградба на спа-центри, се само дел од планираните активности на владата со кои ќе ја засили поддршката за развој на бањскиот туризам.
Хрватите се покажаа како најактивни во барањето работа во конкуренција со невработени од Србија и Босна и Херцеговина. Се јавуваат на преку 100 огласи пред да најдат работа, додека испитаниците од Србија и БиХ главно се откажуваат после 30 огласи.
Владите на Германија и уште четири земји се фокусираат на реализација на проектoт Desertek, изградба на првата голема соларна електрана во Мароко.
Со едночасовна забава на која ќе гостуваат солисти од Златно славејче, танчерски групи од балетското студио Ребис и маскотите Снежана, Штрумфета и Велештрумф, ќе биде обележано официјалното отворање на новата ексклузивна продавница на Просветно дело во Скопје сити мол. Настанот ќе се случи на 3 ноември (сабота) со почеток во 11 часот.
Кинеската инвестициска корпорација (CIC) купи 10% од акциите на фирмата сопственик на аеродромот Хитроу.
Во следните седум години бројот на оние што живеат во сиромаштија во Бугарија ќе се намали за 260.000. Ова треба да се постигне преку подобрување на квалитетот на живот на ранливите групи и создавање услови за нивна комплетна реализација.
Русите се меѓу десетте најбројни туристи на Јадранот и трета најбрзо растечка економија. По влегувањето на Хрватска во Европската унија следната година, за Русите се враќаат визите, а ако тоа го поколеба секој десети Рус, во старт тоа се 20.000 гости помалку, 150.000 ноќевања и околу 20 милиони евра помалку, пишува Вечерњи лист.
На секои десет мали и средни претпријатија (МСП) во Србија, шест тврдат дека не земаат кредити од банките, а ако веќе подигнат кредит, тогаш парите ги користат за тековно работење.
Изградбата на гасоводот Јужен тек во Словенија ќе започне 2014, односно 2015 година, по добивањето на потребните дозволи. Активностите веќе се започнати и не се ограничени само на подготовка на стручните основи за вклопување на објектите на гасоводот во просторот во рамките со словенечкото законодавство
Помина времето кога инвестициските банки бараа само финансиски гении кои ќе им помогнат во донесувањето на одлуки. Сега се бараат и психолози, за да добијат подобра претстава за тоа како работи умот на инвеститорите, пренесува CNBC.
Рецесијата во Грција следната година ќе биде полоша од тоа што се очекува, се наведува во нацрт буџетот претставен пред парламентот. Земјата притисната од долгови ќе забележи поголем буџетски дефицит отколку што беше прогнозирано пред еден месец во претходниот нацрт буџет
Граѓаните на Црна Гора кои работат во странство и иселениците, во својата татковина во првата половина од оваа година префрлиле 163 милиони евра, соопшти Централната банка на Црна Гора.
Франција планира да воведе високи даноци на пивото, што предизвика негодување кај домашните и странските пивари. Претседателот Франсоа Оланд сака парламентот да усвои закон со кој данокот за пиво би се зголемил за 160%, за да може со тие пари да се финансираат одредени социјални програми.
Невработеноста кај 17 членки од еврозоната пораснала на рекордни 11,6% во септември. Според податоците на Евростат, најголема невработеност во еврозоната од 25,8% има во Шпанија, а веднаш зад неа е Грција со 25,1%.
Македонските граѓани имаат доверба во банките и во домашната валута. Трета година по ред учеството на денарското штедење расте, од 35% во 2009 на 48% во 2012 година.
Унгарија ја разгледува можноста за издавање дозволи за постојан престој, а потоа и на унгарско државјанство на богати странски инвеститори, стои на интернет страната на унгарскиот парламент.
Австрискиот огранок на Дојче телеком, T-Mobile Austria, би можел да ги намали инвестициите, па дури и да се повлече од Австрија ако не му се допушти рамноправно да конкурира со конкурентите кои ќе добиваат фреквенции во мрежата на четвртата генерација LTE, изјави извршниот директор Андреас Бирвирт, пренесува Ројтерс.
Американската корпорација Дизни ја купува продуцентската куќа ЛукасФилм чиј основач е режисерот и сценарист Џорџ Лукас, за 4,05 милијарди долари.
Рускиот индустриски конгломерат и произведувач на авио-опрема во државна сопственост, Russian Technologies, ќе купи 35 авиони Boeing 737 MAX за 3,5 милијарди долари.
Двата главни настани на Интел кои се фокусираат на европското истражување, развој и иновации Истражување@Интел Европа (Research@Intel Europe) и Европската конференција за истражување и иновации (ERIC), се одржаа во Барселона, Шпанија на 22 и 23 октомври 2012 година.
Рускиот фармацевтски холдинг Протек Груп денеска свечено ќе ја отвори својата фабрика Продис во технолошко - индустриската развојна зона Скопје 1 – Бунарџик, во која ќе се произведуваат природни и здрави производи.