Министерството за транспорт соопшти дека преку продажба на градежно државно земјиште во изминатите пет години се овозможени инвестици во износ од 1.037.523.120 евра
Клиничката болница Аџибадем Систина во соработка со компанијата Интраплант од Австрија, денеска ќе одржи стручен состанок на кој ќе бидат презентирани најновите достигнувања, како и најсовремените техники и методи од областа на ортопедијата и трауматологијата.
Стопанска банка АД – Скопје заедно со Ротари клубот – Скопје, организираат настан кој има за цел обновување на училишното окружување на Посебното основно училиштето за деца попречени во психичкиот развој Иднина.
Целта на Интел бизнис предизвикот е да ја формираат новата генерација претприемници и да го збогатат друштвото на иноватори со талентирани млади луѓе кои имаат страст добрите идеи да ги претворат во одличен бизнис.
Најуспешни туристички настани за 2012 година се Галичка свадба, Звуците на чаршијата и Пивофест. Минатата година во однос на 2010 година бројот на туристите е зголемен за 10,5%, а ноќевањата за 7,6%.
На улицата Македонија во Скопје, посетителите ќе можат да најдат мед, матичен млеч, полен и прополис, да дегустираа пчелини прозиводи, како и да се запознаат со органското пчеларење преку директен контакт со пчеларите.
Новиот кредит на Прокредит банка е наменет за примарното органско производство, за преработка на органски производи или за откуп и трговија со органски производи. Производителите можат да искористат до 15 милиони денари заем, со камата од 7% и рок на отплата до 10 години.
Инвестицискиот самит во Охрид ќе биде одлична можност за презентација на овие позитивни искуства на странските инвеститори и воопшто, на можностите за создавање профит во Македонија пред претставниците на македонската дијаспора.
Прогнозите за раст на приходите од рекламирање ги зголемија акциите на компанијата до историски максимум.
Google ги импресионираше инвеститорите на Волстрит
Извршниот директор Мариса Мајер ја претстави својата стратегија за враќање на позициите на компанијата како интернет гигант. Идеите на Мајер за тоа како да се исправат на нозе биле повеќе општи отколку конкретни, но вработените на компанијата ги дочекале со воодушевување.
Претставник на компанијата Бош и премиерот на Србија Ивица Дачиќ, во Пеќ поставија камен темелник на новата фабрика на Бош која во наредните седум години ќе вложи 70 милиони евра, а ќе вработи 620 луѓе.
Новиот принцип на работа го воведе Хрватската железница, а многу брзо ќе го воведе и Кроација ерлајнс. Во државната компанија ХЖ Инфраструктура воведени се нови правила за менаџерите
Повторно е регистриран пад на индустриското производство и тоа за цели 8,1% во август годинава во однос на истиот месец минатата година. Тоа значи дека македонската индустрија тоне веќе цела година, односно регистрира минуси во текот на 12 месеци.
Професионалниот тим кардиолози и кардиохирузи со долгогодишно искуство нуди брзо дијагностицирање и најсовремен третман при нарушувања на срцевиот ритам.
По повод Светскиот ден на срцето 29-ти септември, Кардио-центарот при клиничката болница Аџибадем Систина организира бесплатни консултации за пациенти со нарушувања на срцевиот ритам.
Најсовремена фабрика за производство на висококвалитетна заштитна облека, со површина од 2.500 метри квадратни, ќе биде изградена во општина Илинден на плац од 7.239 метри квадратни.
Градежната компанија Гранит АД Скопје потпиша нов договор со Агенцијата за државни патишта за изградба на магистралниот пат М-6 Штип - Струмица.
Сите студенти на редовни и вонредни студии кои сакаат да отворат фирма во Централниот регистар преку електронски пат, наместо досегашните 1.190 денари ќе треба да платат надомест од само 250 денари.
Нова производствена линија за фармацевтски производи пушти во употреба фармацевтската компанија Бионика Фармацеутикалс.
Со НЛБ денот во НЛБ Тутунска банка започна месецот на штедење. НЛБ денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.
Американската компанија Тесла Моторс претстави соларни станици кои значително ќе го забрзаат процесот на полнење на електричните возила и на нивните сопственици ќе им овозможи да одат на подолги патувања.
Со векови Швајцарија го имашe имиџот на светски трезор. Но, денес банкарската тајна се претвори во алатка за сомнителни трансакции. Дури и некои банкари почнаа да чувствуваат грижа на совест.
Нафтена-гасната компанија Royal Dutch Shell започна истражувањето на резервите од шистов гас во Турција.
Злоупотребата на интернетот на работното место и нанесува на американската економија штета од 650 милијарди долари годишно.