Со продажба на малцински акции во најатрактивните државни компании да се обезбедат свежи пари и да се намали буџетскиот дефицит, бараат пет бизнис организации и Бугарската берза.
Жито Маркети го отвори својот прв маркет во општина Чашка, Велес. Маркетот се наоѓа на улица 8ми Септември број 2, а се протега на површина од 100 метри квадратни.
McDonald's првите две недели од февруари, по случаен избор на некои од своите потрошувачи ќе им дозволи за нарачките наместо со пари да платат со прегратка или да се јават на некој свој и да му кажат дека го сакаат.
За финансиска поддршка на огласите што е предвидено да се објават, може да се пријават сите домашни земјоделски компании кои планираат да ги продадат своите производи на странските пазари.
За да се пресмета колкава е веројатноста за евентуален пад, неопходно е корисникот да внесе податоци како што е вид на авионот, аеродромот од каде што полетува и слетува, авиопревозникот и слично.
Сите фирми кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, до денеска имаат рок да инсталираат фискален апарат со ГПРС.
Државниот долг на Македонија на крајот на четвртиот квартал достигна 3.262,5 милиони евра, додека јавниот долг се позиционираше на 3.921,3 милиони евра.
Неколку црногорски хотели се поврзани со базата на податоци на Интерпол, во која се вршат проверки на сите гости, за да се утврди дали некој од нив користи лажни или украдени лични документи.
Ситуацијата беше ставена под контрола, кога дознаа дека станува збор за вештачка мечка, која всушност ја рекламира новата серија Fortitude.
Агенцијата за катастар на недвижности од денеска ќе може поточно да ги дефинира границите на недвижностите, особено ако премерувањата се вршат со примена на ГПС технологијата.
Бројот на работници во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупно 522 акционерски друштва се евидентирани во Македонија заклучно со 31 декември минатата година. Од нив 16 се нови, а кај 13 е евидентирана постапка на стечај.
Тим од истражувачи од Институтот за технологија од Џорџија разви интелигентна тастатура, што не само што се чисти сама, туку и го идентификува корисникот по начинот на кој ги движи прстите низ тастатурата.
Словенечките брендови Кекец паштета, Краљица мортадела Горица, Помурка и МИП имаат нови сопственици.
Како главен двигател на растот останува извозниот сектор, што во најголема мера е одраз на искористеноста на новите извозни капацитети.
Комерцијална банка оствари добивка во висина од 97.859.000 денари за период од први јануари до 31 декември 2014 година, покажува консолидираниот биланс на успех на банката, објавен на Македонска берза.
Создавање на бизнис средина за развој на претприемачи – вториот столб од Европската претприемачка стратегија 2020 е темата тркалезната маса која ќе се одржи денеска во Струмица во организација на Мрежата за поддршка на млади претприемачи.
Турската компанија Eroğlu Holding, која ги поседува брендовите Loft и Colin’s, соопшти дека под своја капа го зема и холандскиот моден бренд Mexx.
Бранка Павловиќ е именувана за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје почнувајќи од 1 февруари 2015 година.
Советот на Народната банка на Република Македонија денеска ја усвои Информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 денари.
Граѓаните и економските оператори може да ги плаќаат царинските давачки со картичките на маестро, мастеркард, виза електрон, виза, како и картичките за домашна употреба што се издаваат од сите домашни и странски банки.
Посебен курс за обука на превозниците ќе се формира во рамките на работничкиот универзитет Кузман Шапкарев.
McDonald's вчера објави дека од февруари, компaнијата ќе ја напушти извршниот директор Дон Томсон, по 25 години работа во оваа компанија, откако ланецот на брза храна забележа една од најлошите финансиски години.
Пазарот на недвижности во Бугарија, минатата година најголем пад бележи во сегментот кај селските имоти.











