Шведската престолнина одлучи да започне нова програма со која би требало да се намали бројот на автомобили на патиштата, а со тоа и да се намали сообраќајниот метеж.
Проектот Енергетски ефикасна куќа од слама на тимот Економични вати е добитник на првата награда во вредност од 500 евра на натпреварот за најдобар бизнис план за студенти.
Компанијата Google објави дека за еден ден примила 12.000 барања од корисниците од ЕУ, кои сакаат да бидат избришани незгодните информации од резултатите од пребарувањето.
Грчкото архитектонско студио Kois Associated Architects проектираше куќа на островот Тинос, чиј покрив е огромен базен, додека остатокот од куќата е вграден во островот.
Работна средба на тема Потпишување на конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови за периодот 2014-2020 година.
Компанијата Аутомакедонија евидентираше нето добивка по оданочување во вредност од 5.802.000 денари во првите три месеци од 2014 година.
Хрватските крави во просек даваат околу 5.000 литри млеко годишно, што ги прави неконкурентни и ниско продуктивни, но 97% од произведеното млеко е со највисок квалитет, додека просекот на ЕУ е 90%.
Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,1%.
Авиопревозникот BH Airlines во 2013 година оствари загуба од 2,25 милиони евра и во прашање е стабилноста на неговото работење поради константната неликвидност, пасивниот однос на сопственикот и неефикасното управување
Холандската компанија за истражување и развој The Archimedes ја претставува новата револуционерна генерација на ветерници за домашна употреба.
Македонски производители на органска и здрава храна денеска ќе се претстават на Фестивалот на органска храна и здрав начин на живот во Скопје.
На екранот на телефонот можат да се следат информации како моменталната брзина на велосипедот и состојбата на батеријата. Под седиштето се наоѓа камера, која служи како ретровизор и на возачот на екранот му покажува како изгледа патот зад него.
Добивка од 10.249.000 денари оствари металуршкиот гигант Макстил во текот на минатата година, покажува финансискиот извештај.
Туристичките потенцијали и капацитети во Македонија беа претставени пред повеќе од 70 туроператори, туристички агенции и новинари во Бугарија.
Албански тур оператори за првпат престојуваат во Дебар со цел да се запознаат со културно историски знаменитости и природните ресурси.
Компанијата Фершпед забележа 46.664.000 денари негатива во првите три месеци од годината, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех.
Третиот аеродром во Истанбул е проектиран да биде најголемиот аеродром во светот, со капацитет од 100 милиони патници годишно.
Мотика нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет, според мислењето на самите потрошувачи.
Од 23 мај, сите корисници на Т-Mobile и T-Home ќе имаат единствена можност да активираат Family Box, пакет на услуги, одговор на телекомуникациските потреби на целото семејство.
Директни инвестиции од 86,9 милиони евра се слеале во земјава од 01.01 до 31.03.2014 година.
Стопанска банка во 2013 година оствари нето добивка во вредност од 995.717.000 денари, стои во одлуката за усвојување на годишна сметка и финансиски извештаи.
Компанијата Пелистерка евидентираше загуба од 6.295.000 денари во првото тримесечје од оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех.
Најголем проблем на потрошувачите во април оваа година бил сервисот на техничките апарати.
Нето добивка по оданочување во висина од 1.359.000 денари забележа компанијата Адинг во првиот квартал од оваа година.











