Во хотелот Емералд, во Приштина, Косово, вчера се одржа CEED B2B регионална средба помеѓу компании од Македонија, Косово и Албанија. На регионалната средба учествуваа околу 100 компании од трите земји.
Бренд подразбира дека она што се нуди на пазарот е единствено и различно во однос на останатите производи. Истовремено брендот им дава до знаење на потрошувачите што купуваат и што добиваат
Текстилниот кластер на Годишно собрание во Штип повторно ја реизбра Маријана Перковска за претседател на асоцијацијата.
Кинески инвеститори се заинтересирани за купување на неколку фабрики за мебел во Србија. Кина е една од водечките произведувачи на мебел во светот, со преку 50.000 компании во оваа област.
Тутунот да се заштити и да се преземат мерки за развој на производството од кое живеат преку 200.000 жители во Македонија
Австрискиот ланец продавници за опрема за домаќинство BauMax ќе затвори седум продавници во Турција, а би можел да се повлече и од други пазари во југоисточна Европа.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2014 година, во споредба со февруари 2014 година, остана на исто ниво.
Пивара Скопје АД на македонскиот пазар го лансира новиот пивски бренд Amstel Premium Pilsner. За новата производна линија од компанијата вложиле 600.000 евра сопствени стредства.
Покриеноста на увозот со извоз е 65,1%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - февруари 2014 година, изнесува 374.093 илјади американски долари.
Лабораторијата Ин Витро Фертилизација (ИВФ), при одделот за гинекологија и акушерство е првата лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа која се стекна со сертификат за квалитет и компетентност согласно стандардот ISO 15189:2013.
Турбините на ХЕЦ Шпилје кај Дебар, во првото тромесечие од годинава, произвеле 25 милиони киловат часови електрична енергија.
Со цел да им помогне на средношколците при изборот на факултет, на 12 април со почеток од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА по втор пат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација под наслов „Професијата како личен идентитет“.
Американска компанија за сигурносни производи Key Safety Systems (KSS) го проширува своето производство во Македонија. Планира отворање на 800 до 1.000 работни места, а локацијата на фабриката е Кичево.
Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во одлична состојба, а пролетната сеидба во полн ек, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Од оваа година, на најпознатата party дестинација во Хрватска, ќе се воведат ограничувања. Туристите повеќе нема да смеат во костими за капење да шетаат по градот и да пијат алкохол на јавни површини.
Институтот за безбедност на автопат (IIHS) го додели на Audi А3 Лимузина врвното признание за одличната безбедност Top Safety Pick+. Новиот модел е еден од најбезбедните автомобили на пазарот во САД.
Со 17 вработени, оваа компанија произведува околу 600 тони зеленчук. Во Центарот до сега се инвестирани скоро три милиони евра.
Винчини 70% од производството го пласира на странскиот пазар во вкупно 40 држави, а со помошта на странскиот експерт раководството планира присуство на производите во 60 држави.
Нискобуџетната компанија Визер од денеска ја воведува директната авиолинија Скопје - Париз. Компанијата на оваа релација ќе сообраќа два пати во неделата од аеродромот Александар Велики.
Градежната компанија Гранит објави оглас за вработување на 670 лица, што ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на новите автопатишта Миладиновци - Свети Николе - Штип и Кичево – Охрид.
Болницата Свети Лазар хоспитал денеска го објави ребрендирањето и го промовираше новото име Моја Болница, специјална за гинекологија, акушерство и ортопедија, како и почетокот на соработката со Гувен.
Лабораторијата за испитување на текстилни материјали постојано е користена од академската заедница за научни истражувања, но и за потребите на компании кои произведуваат или увезуваат такви материјали.
За изградба на нов административно-деловен и магацински простор, наменет за пакување и препакување на логистички пратки, на компанијата Дени интернационал, денеска беше поставен камен-темелник во Општина Илинден.
Студенти од осум факултети ќе бидат дел од програмата за практиканти на ОКТА. Целта на оваа програма е да им се понуди на студентите искуство со кое ќе станат целосно подготвени во започнување на сопствените професионални кариери.