Најголемиот Wi-Fi провајдер во Македонија, SunWireless, објави дека е потпишан договор со SBB, водечки регионален телекомуникациски оператор и член на United Group, најголемата телеком групација во Југоисточна Европа.
Орка спорт им додели донација во спортска опрема на децата од социјално загрозени семејства кои престојуваат и учат во интернатот Гоце Делчев во село Љубанци во Скопје.
Целта е да се овозможи што повеќе лица со попреченост да користат компјутер и интернет. Затоа, првиот чекор е набавка на асистивни и смарт уреди, во износ од 14.000 евра, како донација од Фондацијата е-Македонија.
Првите луѓе на Подравка и на Агрокор, како и на ПИК Врбовец, потпишаа договор за пренос на печатите, рецептурата и опремата и преземање на производството и продажбата на конзервирани месни паштети и конзервирани производи од месо.
Гледано по глава на жител, минатата година секој граѓанин се обложил за 172 евра.
Дваесет и четири институции се поврзуваат во државна оптичка мрежа, којашто треба да овозможи големи заштеди, поголема брзина во преносот на податоците и поголема ефикасност во работењето.
Штрудлата на српскиот производител Житопрерада е повлечена од промет.
Триглав Осигурување АД Скопје денеска соопшти дека со 16,74% пазарен удел останува најголема осигурителна куќа во Македонија.
Јирген Фрик (48), генерален директор на приватната банка Frick во Лихтенштајн е убиен вчера на паркингот на банката во Балзерс, во близина на швајцарската граница.
Сараевскиот Pitch Day за најуспешните стартапи од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина ќе биде влезница во светот на глобалниот бизнис.
Банкомат кој ќе ги нуди сите услуги како и на шалтер во банката е пуштен во функција во новата експозитура на Шпаркасе Банка во центарот на Скопје, во близина на Плоштадот Македонија.
Во својата популарна емисија за готвење на шведскиот канал ТВ4, познатиот кулинар Леиф Манерстром ја претстави својата идеја да ги брендира македонскиот вина под сопствен бренд
Стручното жири го сочинуваат уредникот на магазинот со седиште во Њујорк, реномирани аналитичари, банкарски консултанти, а критериумите се раст на активата, профитабилност, квалитет на услугите, конкурентност и иновативност на производите.
Сто милиони евра во следниот период ќе се инвестираат во комунална инфраструктура, изградба на хидросистеми и системи за наводнување во земјоделството
Икеа неодамна потврди дека планира да влезе на словенечкиот пазар, но отворањето на продажен објект во оваа земја во моментов не е во фокусот на ширењето на работењето. Првата продавница би требало да биде отворена во сезоната 2016/2017 година.
Најновата пан-европска анкета на EU-OSHA откри дека 51% од работниците сметаат дека стресот поврзан со работата е вообичаен на нивното работно место, а 4 од 10 работници мислат дека во нивната организација не се справуваат успешно со стресот.
Благодарение на Порше Македонија, новата Octavia RS која покрај со брзината, освојува и со наjмоќните и најефикасни мотори досега, стилскиот дизајн, уште повисоката функционалност и пониската потрошувачка на гориво, ќе им биде достапна и на македонските возачи.
Цените на бензините и дизелот во наредните две недели остануваат непроменети. РКЕ одлучи да ја намали цената на Екстра лесното масло за домаќинство за половина денар и на мазутот за 0,11 денари.
Вградувањето на системите се одвива преку проектот за индустриски менаџмент на УСАИД, од каде покриваат 50% од трошоците, со износ до 20.000 долари по компанија. Предвидена е поддршка на 17 компании.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.7, а индексот на цените на мало 98.8.
Дарување крв и донирање на телевизиска опрема се првите две активности со кои Ре-Медика го одбележува деветтиот роденден.
Ниту деветтиот обид за продажба на хотелот Дурмитор на Жабљак заедно со земјиштето и 13 бунгалови не успеа, затоа што до 31 март никој не се јавил на тендерот.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворен првиот Саем за вработување и пракса Контакт во организација на Студентскиот парламент при ФЕИТ.
Поголемо инволвирање на младите во земјоделско здружување е целта на денешната средба што ја организира Федерацијата на фармери на Република Македонија











