Бугарската војска започна со продажба на недвижен имот, a меѓу најатрактивни на списокот се 5 аеродроми и 58 касарни, како во Софија така и во другите поголеми градови.
Владата на Србија ќе чека најдоцна до 15 август да види дали Македонија ќе ја укине одредбата за ограничување на увоз на пченица и брашно од Србија
Јапонската автомобилска компанија Тојота најави дека повлекува 370.000 пик-ап автомобили Такома, најмногу од САД, поради проблеми со сигурносниот појас.
Интернет гигантот Yahoo, кој во моментов поминува низ голема трансформација со купувањето на помали компании и менување на насоката на работењето, од следниот месец ќе добие и ново лого кое ќе биде во согласност со тие промени.
Компанијата HTC претстави нов смарт телефон Desire 500, чии карактеристики се екран од 4,3 инчи, квад кор процесор од 1,2 GHz, кој овозможува брз мултитаскинг, сурфање на интернет, како и играње игри со значително подобрена графика.
Младите луѓе на возраст од 18 до 30 години ќе можат да започнат свој бизнис и нивните бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.
Со законските измени на Законот за градежно земјиште, што ги усвои Владата, ќе се овозможи откуп на земјиште под легализиран објект и во случај да не е донесен урбанистички план.
Максимални казни за Субрата Рој и уште три директори на сестринските компании, како и одземање на нивните пасоши.
Британскиот бизнисмен со кипарско потекло Стелиос Хаџи Јоана кој е сопственикот на нискобуџетната авионска компанија Изи Џет, покренува ланец на супермаркети, кој е замислен како конкуренција на дисконтите од типот на Алди и Лидл.
ТТК Банка ја проширува својата деловна мрежа со отворање на нова експозитура во населбата Ѓорче Петров, во Скопје.
Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ СИЗ Македонија сообраќај вчера во Куманово, пред бизнисмените, шпедитерите и фирмите кои вршат транспорт на стоки во во општината одржа работилница на која беа презентирани олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки.
Според податоците на министерството за финансии на Црна Гора, вкупната загуба на 17 државни фирми во земјата, во минатата година изнесувала околу 30 милиони евра.
Руската тенисерка Марија Шарапова е најбогата спортистка во светот со годишна заработувачка од 29 милиони долари, пренесува Forbs.
Во првото пологодие од 2013, Македонија извезла стоки во вредност од 2 милијарди и 720 илјади американски долари, а увезла стоки за 3,186 милијарди долари.
Според одлуката на Владата вкупно 32 ловишта во Македонија ќе бидат дадени под концесија. Од нив едно е лоцирани во Велес и едно во Тетово, по две ловишта во Прилеп, Македонски Брод и Берово, три ловишта во Свети Николе и Радовиш, осум ловишта во Битола и 10 во Штип.
Дизајнери од целиот свет ќе ги измерат своите креативни сили дизајнирајќи етика за виното Chardonnay на Винаријата Тиквеш од бербата 2013 година.
Најновото европско издание на весникот Волстрит журнал пишува дека Словенија, која минува низ финансиска и банкарска криза понуди за продажба 15 државни компании и банки.
Министерството за финансии соопшти дека ја откажа за закажаната аукција на државни хартии од вредност, што е втора аукција на државни хартии од вредност која се откажува во последно време
Според зејмоделците мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченицата, плаќаат по 11 до 12 денари за килограм,
Компанијата Procter&Gamble ја ангажираше популарната колумбијска пејачка Шакира во улогата на глобален амбасадор за производите неменети за нега на забите.
Во Берово, денес во 11 часот ќе се одржи јавната електронска распределба на 20 социјални станови во општината , на којашто ќе присуствува и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Основачот на Амазон, Џеф Безос го купува американскиот весник Вашингтон Пост за 250 милиони долари.
На граничните премини Табановце и Богородица и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата се околу 20 минути.
Според податоците на Државниот завод за статистика Македонија успеала да го намали дефицитот во надворешно трговската размена во првото полугодие од годината за околу 65 милиони долари, во однос на истиот период лани, што се должи на порастот на извозот за околу 63 милиони долари.