Словенечкиот трговски ланец Туш започна преговори со банките за превентивно реструктуирање на 400 милиони евра долг, кои би требало да се завршат до јули. Во случај на неуспех на преговорите, уште следната година може да се соочи со инсолвентност.
Пивоварна Унион, дел од словенечката група Лашко, го продаде својот удел од 57,63% во косовската пивара Бира Пеја за 14,75 милиони евра.
Четворица студенти од Математичкиот факултет од Белград направија бесплатна апликација која ќе им помогне на лицата со оштетен вид и далтонистите да можат да ги чујат боите.
Lindstrom пласира производи и услуги, кои опфаќаат набавка и изнајмување на работна облека, нејзино одржување, транспорт и замена.
Хрватската компанија Franck вчера ја претстави својата Kava&Kava платформа, маркетиншка и технолошка иновација наменета за угостителските објекти и нивните потрошувачи.
Бугарија до крајот на годинава ќе отвори 20 нови трговски претставништва, главно на Блискиот исток и во африканските држави, за што владата вчера одобри еден милион евра.
Бруно и екипата сакаат да станат препознатливи во Хрватска, Србија и БиХ. Ги интересираат само стартапи кои гледаат на глобалниот пазар. Според нив, не постојат хрватски, германски или фински стартапи, туку само успешни и неуспешни.
Донесена е одлука за распределба на дел од акумулираната добивка за исплата на дивиденди и тоа во износ од 38.649.751,60 евра или 1,70 евра бруто по акција.
Image Haddad, хрватски бренд што е присутен и во Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина, го претстави својот проект Интерактивен излог.
Се повеќе Италијанци заминуваат во Албанија во потрага за работа и подобар живот. Според податоците на албанската влада, со дозвола за работа или студирање, во Албанија престојуваат околу 19.000 Италијанци
Кај сите други земји кои се приклучија кон ЕУ по 2004 година е регистрирано намалување на странските инвестиции. Најдраматичен пад е регистриран во Полска и Словачка, од 92,6%, односно 79,8%.
Само за кредити, граѓаните на крајот на април биле задолжени 853,2 милиони евра. Според податоците на Централната банка на Црна Гора, граѓаните најмногу должат за станбени кредити, 298,2 милиони евра.
Загрепскиот Жупаниски суд го потврди обвинението против претседателот на Управата на унгарската нафтена компанија МОЛ, Золт Хернади, кој се терети дека го подмитил поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за оваа компанија да добие мнозински управувачки права во ИНА.
Дата центарот е проектиран според најдобри светски стандарди, а во рамките на првата фаза се уредени 450 метри квадратни серверски простор.
Во втората фаза на продажната постапка ќе бидат повикани оние инвеститори кои предале економски најдобра понуда и кои се финансиски и правно подготвени да конкурираат за преземање на оваа словенечка компанија. Повикот ќе го добијат до крајот на оваа недела.
Браникот Musguard е многу практичен. Тежи само 35 грама и не треба посебен алат за да се монтира. Го има во повеќе бои, а изработен е од цврста, еластична фолија која може да се рециклира.
Од здруженијата на угостители во Хрватска апелираат угостителите да предаваат барања за дозволи за продолжено работно време, затоа што доколку немаат дозвола, казните се големи, околу 4.000 евра или затворање на објектот на 30 дена.
Јахтата е долга 50 метри, широка 9,2 метри, има капацитет за 12 гости во шест луксузни кабини со клима, а на неа има место и за 11 членови на екипаж во посебно одвоен простор.
Француската компанија управува со 24 аеродроми ширум светот, а интерес покажале и за Аеродром Љубљана.
Почетокот на туристичката сезона во Дубровник е време кога цените почнуваат да растат, а да се пронајде слободно паркинг место е вистинска среќа.
CEED Србија денеска е домаќин на годишната регионална конференција, на која присуствуваат преку 100 претприемачи од седум земји во регионот, кои во Белград ќе ги споделат своите искуства од CEED мрежата.
Паркот се состои од 19 турбински генератори со вкупна инсталирана моќност од 43,7 мегавати, кои треба да произведуваат околу 100 гигават часови електрична енергија годишно.
Најголем дел се фрла поради строгите рокови за продажба, големи понуди, лошо чување. Граѓаните храната најчесто ја фрлаат поради истечен рок.
Лебното жито засега ветува добар род, а доколку во следните месец дена временските прилики се поволни, Србија ќе има пченица и за извоз, пишува Политика.