Австриската Uniqa Insurance Group AG во потполност го заврши процесот на преземање на фирмите ќерки на швајцарската Baloise Group во Хрватска и Србија.
Долговите на српските компании главно се долгорочни, со просечен рок на отплата од седум години и 11 месеци, со просечна камата од околу 3,93%.
Бугарската народна банка (БНБ) ќе ги изложува банките на стрес тестови барем еднаш годишно. Со истата динамика ќе ги проценува ризиците на кои се изложени банките или може да бидат изложени.
Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност, заедно со ресорното министерство, од април планираат на граѓаните и фирмите да им даваат субвенции од 4.000 до 9.000 евра за купување на електрични, plug-in хибридни и хибридни автомобили.
Компанијата покажала интерес за соработка и евентуален откуп на мнозински пакет акции во компании во БиХ од областа на хемиското производство, како и за фабрики кои се занимаваат со производство на храна.
Според документот, во кој имал увид весникот Хуријет, тројца вработени на Chanel, вклучувајќи го и одговорниот за работењето во Турција, се соочуваат со казна затвор меѓу две и 10 години за свесно учество во шемата.
На годишно ниво, фирмата која управува со аеродромот, Меѓународен аеродром Загреб, според проценките на упатените, од новите надоместоци ќе има околу девет милиони евра дополнителен приход.
Триглав планира да ја продаде својата чешка фирма Триглав појиштовна, која минатата година ја заврши со два милиони евра загуба.
Светскиот реномиран велнес и спа бренд Henri Chenot од 2016 година ќе биде присутен во Црна Гора, во рамките на One&Only хотелот во луксузниот туристички комплекс Портонови.
Веќе е позната цената за изнајмување на островчето Мале Бисаге крај Задар. Во шпицот на сезоната, од 1 јули до 1 септември, островот може да се изнајми за 3.000 евра неделно.
Новата серија на соло автобусите на Икарбус е развиена на шасија на Мерцедес. Станува збор за полу - нископоден градски автобус, со капацитет од 100 патници, со 35 седишта.
Компанијата за производство на замрзната храна Фриком од Белград е казнета со скоро три милиони евра поради злоупотреба на доминантната положба на пазарот.
На мониторот можат да се видам моменталните попусти, да се најде локацијата на посакуваниот производ, а купувачот ќе има увид во тоа што се има во количката и вкупниот износ на избраните артикли.
Нова љубљанска банка (НЛБ) на почетокот на април во Словенија ќе затвори 22 филијали и преку 70 банкомати, поради реорганизација и оптимизација на работењето.
Минатата година полицијата во Словенија поднела скоро 3.000 пријави за стопански криминал, а штетата од пријавите се проценува на 190 милиони евра.
Кредитот е прифатен со каматна стапка од 2%, рок на отплата од десет години, а со отплата се почнува шест месеци од датумот на повлекување на парите.
Американците ќе се вмешаат во развојот на ситуацијата околу хрватската нафтена компанија ИНА и на високо ниво ќе се разговара за можна продажба на оваа компанија на американски партнери, пишува Вечерњи лист.
За кредити до еден милион евра, словенечките банки во декември минатата година во просек наплаќале 5,5% каматна стапка, а во еврозоната каматната стапка е само 3,8%.
По патиштата во БиХ, но и во регионот наскоро би можеле да се возат електрични автомобили кои ќе излегуваат од погоните на компанијата Никола Тесла од Бања Лука.
Мурат Улкер, генерален директор на турскиот најголем произведувач на храна Yıldız Holding, се најде на првото место на листата 100 најбогати Турци 2014 на магазинот Forbes, со богатство проценето на 3,7 милијарди долари.
“Не сме заинтересирани за Croatia Airlines. На секој пазар на кој сме присутни сами настапуваме локално и во секоја земја имаме различен маркетиншки пристап, па локален превозник како Croatia Airlines во тој контекст не ни е интересен”.
Британските туристи ова лето на линијата Белград - Бар ќе се возат во Синиот воз на Јосип Броз Тито за цена од 1.300 фунти, а просечната тура ќе трае од шест до осум дена. Железница Србија со ова ќе заработи меѓу 40.000 и 50.000 евра.
Генералниот директор на компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС), Антонио Чезаре Ферара, од први март веќе нема да биде на оваа функција, пишува Данас.
Портонови ќе биде првото One and Only летувалиште во Европа. Ќе се протега на 24 хектари, а со изгледот нема да отскокнува од црногорската приморска архитектура.











