Под влијание на тешката економска и финансиска криза, во повеќето европски земји се забележува зголемување на стапките на инфлација.
Турските градови и музеи освоија награди во 15 категории на World Travel Awards 2012, што потврдува дека оваа земја е на врвот на европскиот туризам.
Цената на превоз со такси возило не би смеела да надмине едно евро по поминат километар, заклучија словенечките таксисти здружени во Занаетчиско – претприемничката комора на Словенија.
Со измените во Законот за трговски друштва, од денес, во рок од 24 часа, за само 80 денари (10 куни), може да се отвори мала фирма во Хрватска. Со почетен капитал од 1,3 евра и намалени основачки трошоци до 100 евра, може да се основа трговско друштво со ограничена одговорност (д.о.о.).
Дукат свежото (младо) сирење станува дел од President фамилијата. President е глобална, светски позната марка и експерт во категоријата сирења, која под своја капа ги собира најдобрите автохтони сирења од сите делови на светот.
Во европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година, за Хрватска се предвидени 13,7 милијарди евра. За да ги искористи овие средства, Хрватска во тој период од европските фондови би можела да повлече уште еден национален годишен буџет.
Бројот на сиромашни жители на Романија само од почетокот на светската економска криза нарасна за 10%, од 36% минатата година на 46% во последниот квартал на 2012.
Француската Банка Credit Agricole ја купи Емпорики Банка, подружница на Алфа Банка за само едно евро. Се проценува дека оваа трансакција ќе ја намали нето добивката на Credit Agricole за околу три милијарди евра.
Австриската група Raiffeisen bank international (RBI) драстично ќе го намали опсегот на работење во Словенија и бројот на вработените во својата централа во Марибор и 17 деловни единици низ земјата.
Изјавата на Гувернерот на Народната Банка на Србија Јоргованка Табаковиќ дека до крајот на 2012 година инфлацијата во Србија ќе биде двоцифрена е уште еден шок за граѓаните на Србија.
Одлуката на словенечката влада да воведе данок на финансиски трансакции и да ја покачи стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) на некои производи и услуги дополнително ќе го намали стандардот на средниот слој, истакнуваат словенечките медиуми.
Хрватската фармацевтска компанија Плива успешно ја помина инспекцијата на американската Агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA), соопштија од компанијата.Инспекторите на FDA престојуваа во Плива во текот на август. Со инспекцијата беа опфатени производните процеси на погоните во Загреб и Савски Мароф.
Хрватската стопанка комора (ХГК) претстави 19 инвестициски проекти во рамките на изложбата Be CROative, на еден од најголемите саеми за недвижнини и инвестиции во Европа, Expo Real кој секоја година на почетокот на октомври се одржува во Минхен. Вкупната вредност на проектите изнесува 3,1 милијарди евра.
Во последните пет години животот на Косово е поскап за 25%, додека планираниот стопански раст за годинава од 3,8% тешко дека ќе го покрие порастот на трошоците за живот. Само во текот на септември инфлацијата на Косово била 4,1%.
Невработеност во Грција достигна рекордно ниво од 25% за месец јули, а дури 54,2% од невработените се млади луѓе, пренесуваат европските медиуми
Просечната бруто заработувачка на жените во Црна Гора на крајот на септември минатата година била 659 евра, што е за 100 евра помалку во однос на платите на мажите, покажуваат податоците на Монстат. Воедно жените заработиле под просекот во Црна Гора, кој изнесува 712 евра.
Научниците од Природно – математичкиот универзитет од Анкара успеаја да дојдат до формулата според која можно е производство на вештачки јаглен, пренесува агенцијата Анадолија.
Управата на словенечката компанија Горење планира зголемување на основниот капитал од 25%, а за докапитализација го најде јапонскиот гигант Панасоник.
Падот на прометот е причината поради која трговците прибегнуваат кон разни трикови за да привлечат купувачи. Најчестите веќе испробани методи е нудењето на облека и обувки по намалени цени за “дури” 70%, не наведувајќи ја основата за намалување.
Дури 57% од младите размислуваат да ја напуштат Хрватска и да заминат во земјите од Европската унија поради студирање или вработување, покажа истражувањето на глобалната компанија Visa.
Србија е во ситуација кога и е поисплатливо да купува поевтини земјоделски производи од странство отколку да произведува свои. Причина за тоа е недоволното користење на сопствени ресурси и инвестиции на државата кои би ги поттикнале земјоделците на поголемо производство.
Словенија ќе ја затвори амбасадата во Хелсинки откако минатиот месец ги затвори своите дипломатски претставништва во Лисабон и Стокхолм. Затворен е и конзулатот во Дизелдорф.До крајот на годината ќе ја затвори и амбасадата во Даблин, а на удар е и конзулатот во Њујорк.
На годишно ниво цените се повисоки за 4,9%, што е највисока вредност за оваа година, а во однос на август, животот поскапел за 1,1%. Податоците покажуваат дека главна причина за пораст на инфлацијата се прехранбените производи, како и поскапувањето на гасот од средината на годината.
Oбуката за работниците, професионализмот и најсовремената технологија се клучните елементи за подобрување на квалитетот на производите за извоз.