Во делот на некогашната индустрија Обод во Цетиње, на почетокот на следната година ќе почне да се произведува чоколадо, а инвеститор е украинската компанија Монтелор.
Богати Срби од Белград последнава година се натпреваруваат со Русите во побарувачка на станови во Банско, пишува Стандарт.
Oд вкупниот број трансакции во Хрватска, 80% отпаѓаат на домашни трансакции, 7% на излезни, а 13% на влезни, односно трансакции на стански компании на хрватскиот пазар.
Претседателот на Хрватската стопанска комора (ХГК), Надан Видошевиќ, утрово е приведен на информативен разговор, јавуваат хрватските медиуми. Видошевиќ се сомничи за злоупотреба на положбата и овластувањата.
Почетокот на изградбата на гасоводот Јужен тек во Србија ќе започне на 24 ноември, а реализацијата на проектот вреден 1,7 милијарди евра е од исклучително значење за српската економија.
Најголемата словенечка банкарска група НЛБ, во првите девет месеци оваа година остварила 51,8 милиони евра добивка пред резервации. Поради тоа што банката во третиот квартал мораше да издвои 345 милиони евра дополнителни резервации, НЛБ Група искажа загуба од 293,5 милиони евра по оданочувањето.
Претседателот на управата на хрватската компанија Подравка, Звонимир Мршиќ, во интервју за Вечерњи лист вели дека оваа компанија ја разгледува можноста за аквизиции на повеќе пазари.
Атинскиот хотел Ledra Marriott повеќе нема да функционира под ова име и по 31 декември нема веќе да прима резервации.
Планирано е телефоните да се продаваат во Србија, земјите од регионот и државите со кои Србија има склучено договори за слободна трговија.
Освен за Купари, претставниците на TUI покажале интерес за уште една локација за изградба на хотел во Истра, но и за зголемување на бројот на летови кон Сплит во 2014 година.
Од сега, широкопојасниот интернет, услугите во фиксната и мобилната телефонија и ICT услугите ќе бидат под еден “чадор” бренд Телеком Словенија.
Списанието Manager, кое секоја година ја објавува листата на најбогатите луѓе во Словенија, вредноста на неговиот 60% удел во Студио Модерна ја проценува на 460,4 милиони евра, што е 12% повеќе од лани.
Хрватската радиотелевизија (ХРТ) во првите девет месеци оваа година остварила нето добивка од 9,7 милиони евра, што е примарно последица на рестриктивната трошковна политика и спроведување на мерки на штедење во сите сегменти на работењето.
Првото место на листата 15 најголеми извозници од Србија во првите девет месеци годинава го зазема компанијата Фиат автомобили Србија, со 1,28 милијарди евра, објави Министерството за финансии.
Овој проект има особено значење во однос на економијата и екологијата, затоа што граѓаните ќе можат побрзо да дојдат до своите работни места, со помалку застои, а сето тоа ќе резултира со помала количина издувни гасови.
Од фондот ќе се финансираат проекти во Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Минималните заеми ќе бидат 100.000 евра, а максималните пет милиони евра.
Стив Балмер, човекот што го замени Бил Гејтс во Microsoft, синоќа пристигна во Белград, каде што го дочека српскиот премиер Ивица Дачиќ, а попладне ќе го посети Загреб, каде што ќе разговара со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
Нето платите на министрите се движат од 2.000 до најмногу 2.500 евра, додека Министерството констатирало дека некои челници на државни установи примаат и по 3.200 до 4.000 евра нето.
Српскиот министер за економија Саша Радуловиќ најави дека програмата за економски амбасадори ќе биде укината и во тој облик веќе нема да биде стартувана.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со кредит ќе суфинансира изградба на нови хидроцентрали во Босна и Херцеговина, чија проектирана моќност е 19,63 мегавати.
Словенечкиот државен фонд СОД вчера потпиша договор со Citigroup Global Markets Ltd. за советување при продажбата на 73% од Телеком Словенија.
Хрватската компанија Атлантик група во првите девет месеци оствари нето добивка од 25,4 милиони евра, што е дури 139% повеќе во однос на истиот период лани, покажува финансискиот извештај на компанијата.
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го финализираше четвртиот преглед по одобрениот стенд-бај аранжман за Босна и Херцеговина. Како што соопшти ММФ, финализацијата на прегледот овозможува исплата на износ од околу 47,5 милиони евра.
Се разработуваат механизми кои би спречиле банките да повлечат средства од ХНБ и да не ги насочат кон кредитирање на стопанството, туку со нив да решаваат некакви свои позиции, како што се случуваше претходно.