Компанијата MasterCard Europe објави дека го назначува Артур Туремка за менаџер на балканскиот регион за пазарот во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора. Исто така, компанијата објави отворањето на две нови регионални претставништва во Белград и во Софија.
Албанското регулаторно тело одлучи на чешката компанија ЧЕЗ да и ја одземе лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во оваа земја. Регулаторното тело ја обвинува компанијата дека не обезбедила дистрибуција на струја и не инвестирала во мрежата.
Возачот е сместен напред, на средина на кабината, а патниците од страна зад него. Таблата со инструменти е составена од три прегледни и лесно пристапни екрани чувствителни на допир.
Екслкузивни чевли од брендовите Prada, Gucci и Louis Vuitton, кои во Европа чинат од 300 до 1.500 евра, се произведуваат и во Србија. Горните делови од обувките ги изработуваат српски работници во фабриките Progetti во Владимирци, Сомбор и Вршац, пишува 24 сата.
Оваа група компании за девет месеци направиле загуби од 34 милиони евра, што е катастрофа во однос на истиот период 2011 година, кога фирмите за државата заработиле 76,4 милиони евра.
Грчкиот Парламент одобри започнување на кривична истрага против поранешниот министер за финансии Јоргос Папаконстантину за вмешаност во скандалот со Лагард листата.
Хрватски Плинакро и руски Газпром, денеска во Загреб потпишаа План на активности за спроведување на проектот градење на крак на гасоводот Јужен тек на територијата на Хрватска.
Претседателот на извршниот одбор на Ерсте група, Андреас Трајхл ја потврдил намерата велејќи дека чекаат одговор од австриската банка и доколку понудата не биде прифатена, имаат резервен план за ширење во Србија.
Доаѓањето на трговскиот ланец Лидл во Србија на потрошувачите ќе им понуди од 20% до 40% пониски цени од просечните пазарни цени.
Странските директни инвестиции во Хрватска во првите девет месеци минатата година изнесувале 452,7 милиони евра, што е двојно помалку за разлика од истиот период една година претходно, објави Хрватската народна банка (ХНБ).
Во Агенцијата за странски инвестиции во Србија проценуваат дека оваа година во земјата би можеле да влезат 2,5 милијарди евра директни инвестиции. Најголеми се очекувањата во енергетскиот сектор.
Турската компанија Kürüm International AŞ го доби тендерот за приватизација на четири хидроцентрали во Албанија, со понуда од 109 милиони евра.
Министерството за градежништво и урбанизам на Србија најави дека оваа година ќе обезбеди најмалку 10 милиони евра за изградба на 50.000 квадрати социјални станови.
Полицијата и правосудните тела во Босна и Херцеговина отворија повеќе истраги за можно перење пари во 2012 година, под претпоставка дека на тој начин во легалните финансиски канали се уфрлени најмалку 15 милиони евра со сомнително потекло, пишува Дневни аваз.
Арапската компанија ќе има 80% удел во овие комбинати, додека Србија 20%. Од оваа зделка, во српскиот буџет ќе има прилив од 100 милиони евра.
Владата на Црна Гора ги усвои измените на Законот за данок на доход на физички лица, со кои е предвидено зголемување на стапката на оданочување на плати повисоки од 400 евра.
Планот е да се пробијат два тунели низ планината Иван во правец кон Мостар, преку кои ќе дојде свеж воздух во сараевската котлина.
Според Договорот за стабилизација и придружување, од јануари 2014 година Србија мора својот пазар скоро во потполност да го отвори за непречен увоз на земјоделско-прехранбени артикли од земјите од Европската унија.
Шведскиот моден гигант H&M годинава ќе влезе на српскиот пазар, а првата продавница ќе биде отворена на есен.
Во Бугарија работат околу 2.500 грчки компании, додека во останатите земји на Балканот нивниот број е 5.000, пишува Катимерини. Грчките компании ја бираат Бугарија поради нискиот данок од 10% и евтината работна рака.
Хрватската влада во четврток ќе донесе одлука за основање компанија која ќе воведе ред во управувањето со инфраструктурата и дополнително да го либерализира интернет пазарот.
Грчката финансиска полиција (SDOE) поради контрола побара отворање на 6.000 сметки во банките во рамките на истрагата за затајување на данок и корупција.
Најголемиот словенечки трговски ланец Меркатор повторно се нуди на продажба. Според пишувањето на словенечки 24ур, хрватскиот конзорциум Агрокор на Ивица Тодориќ повторно е најсигурниот кандидат за купување на овој словенечки ланец.
Скоро четворица од пет Словенци користеле интернет минатата година. Потоа следуваат две третини Хрвати, додека Македонија и Србија се на 63%.











