Шест банки во Хрватска се под истрага на Хрватска народна банка (ХНБ) за да им се докаже злоупотреба на положбата во наплата на трошоци за опомени.
Руски Газпром, клучниот кандидат за купување на грчката компанија за гас ДЕПА се повлече во последната фаза. Малата руска енергетска компанија Синтез и два грчки кандидати исто така се откажаа од учеството на тендерот за купување на ДЕПА и ДЕСФА.
Словачки компании се заинтересирани за купување на српската фармацевтска компанија Југоремедија во стечај и за приватизација на Минел трансформатори.
Хрватската влада ќе ги даде автопатиштата под концесија на 50 години и за тоа ќе добие три милијарди евра, пишува Вечерњи лист. Потенцијални инвеститори се осигурителните компании, инфраструктурни фондови, банки и пензиски фондови.
RWE Хрватска, филијала на германската групација RWE, ја заврши аквизицијата на компанијата Енергија 2 Системи и стана нејзин 100% сопственик. Со тоа влезе на хрватскиот пазар за снабдување со енергија.
Хрватска пошта почна да откупува стари мобилни телефони, а откупната цена зависи од староста и состојбата. Како што дознава Пословни дневник, за исправен мобилен телефон корисникот ќе добие две евра, а за неисправен едно евро.
Амбасадорот на Шведска во Белград, Кристер Брингеус најави дека Икеа е на пат да основа претпријатие во Србија и дека ќе дојде наскоро, што ќе биде голема инвестиција од преку една милијарда евра.
Судот во Љубљана го осуди поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша на две години затвор и парична казна од 37.000 евра поради вмешаност во корупција во случајот Патриа.
Австриската нафтена компанија OMV ја продаде својата филијала во Хрватска на компанијата Кродукс.
По влегувањето во Европската унија, во втората половина од годинава Хрватска ќе има на располагање околу 70 милиони евра од Европскиот социјален фонд кој е главен инструмент за спроведување на стратешката политика на ЕУ во сегментот на вработувањата.
Според пишувањето на Новости, банкарите ќе мора да пресметаат колку пари повеќе им земале на клиентите зголемувајќи ги каматите на кредитите, со објаснување дека тоа е во согласност со “политиката на банката“.
Србија е конкурентна, не само во цената на работната сила, туку и во некои природни ресурси, главно за земјоделието и прехранбената индустрија, но Агрокор се уште не ја искористил стекната позиција во оваа земја за ширење и на други пазари.
BalCannes Yellow Pages е замислена како револуционерна база преку која огласувачите ќе можат да ги пребаруваат агенциите и нивните проекти, за на поедноставен начин да можат да одберат агенција која ќе им пружи најдобра маркетинг поддршка.
Меѓу можните купувачи се споменува и Ерсте банка, која преку компанијата Erste Card Club има франшиза за Diners во Хрватска.
Владата на Црна Гора донесе одлука за зголемување на стапката на ДДВ од 17% на 19% и задржување на ниската и нултата стапка на исто ниво. Се очекува оваа мерка на државата да и донесе приход меѓу 37 и 40 милиони евра.
Борса Истанбул ќе преземе 30% од Црногорската берза, а заинтересирани се да купат удел и во Белградска берза. Турците имаат намера да ги поврзат сите берзи во регионот.
Во Бугарија 49% од луѓето живеат во ризик од сиромаштија, а 60% трпат материјална беда. На спротивниот крај на графиконот е Чешка, каде во ризик од сиромаштија е само 15% од населението.
Во организација на мрежата ЦЕЕД и фондот СЕАФ, минатата недела во Загреб, Хрватска, се собраа преку 200 претприемачи и инвеститори од централна и источна Европа. На 7-та регионална конференција, на која присуствуваше и регионалниот менаџер на ЦЕЕД за Македонија, Србија, Албанија, Косово и БиХ, Јован Маџовски, учествуваа Боб Розеншајн, американски интернет претприемач и Џим Конор, член на управата на инвестициската група Sand Hill Angels.
Загрепската М Сан група отвори нова производна линија за LED ТВ уреди од сопствената марка Vivax, а вкупната вредност на инвестицијата во погонот во Ругвица изнесува 380.000 евра.
Под Војводина се наоѓа вистинско море од гас, според реални проценки вреден неколку милијарди долари, но најголем проблем до сега беше како да се извади. Меѓутоа, изгледа дека тој проблем наскоро ќе биде решен, пишува српски Дневник.
Заедничката компанија АМАНП би ја сочинувале Агрокор, МК група, Атлантик, Нектар, Подравка и компании од Македонија и Црна Гора.
Златен клуч, наградата за најдобар хрватски извозник ја доби компанијата Ериксон Никола Тесла.
Конзорциум од три компании, две од Црна Гора и една од Србија, ќе градат нов тутунски компинат во Подгорица, во вредност од 9,5 милиони евра.
Надзорниот одбор на најголемата словенечка осигурителна куќа Триглав, според неофицијални информации, го разреши претседателот на Управата Матјаж Раковец или се договориле за негово заминување.