Новинарите од специјализираното електронско издание на Бизнис инсајдер изработија ранг - листа на најлоши авиокомпании во светот, врз основа на лични впечатоци и мислења на патниците.
Microsoft потврди дека на унапредената верзија на својот оперативен систем Windows 8 ќе ја врати компандата “Start”. Но, командата ќе ги нема сите функции што ги имаше во претходните системи.
Google наводно се вклучи во трката со Facebook за преземање на фирмата Waze, специјализирана за навигација на мобилни уреди.
Кина ќе гради цел град во шумите во близина на Минск, кој ќе претставува отскочна штица за индустриското производство меѓу Европската унија и Русија, јавува Блумберг.
Владата на Чиле ја казни најголемата светска компанија за експлоатација на злато, канадската Barrick Gold со 16,4 милиони долари поради излевање на контаминирана вода од нивно наоѓалиште на злато.
Google планира да финансира и воведе безжичен интернет во сиромашните и неразвиени земји во светот и веќе започна разговори со властите на некои африкански и азиски земји со цел реализација на овој проект.
Овој бренд на инстант супи, сосови, кнедли и смеси за подготовка на јадења се најде пред брендот Knorr на Unilever, а третото место го зазема Lay, бренд на компанијата PepsiCo.
Куба одобри поединечен увоз на апарати за домаќинството како што се клима уреди, ладилници и микробранови печки, со што ја укина забраната од 2005 година поради недостаток на електрична енергија и рестрикции.
Новата домашна гејмерска конзола Xbox One на Microsoft, ќе започне да се продава до крајот на годинава, објави на презентацијата во кампусот на Microsoft во Редмонд, шефот на тимот за развој на Xbox, Дон Матрик.
Гигантот Apple користи сомнителна мрежа на офшор компании за затајување на данок во вредност од неколку милијарди долари, соопшти комисија на американскиот Сенат.
На Саемот за автомобили во Шангај беше претставена Hibridna Panamera, која ќе биде пуштена во продажба кон крајот на годинава.
Преку 100 милиони профили на Фејсбук се на домашни миленичиња, предмети и страници на брендови. Сепак, Фејсбук ги смета како активни корисници и ги прикажува во своите извештаи.
Американската фармацевтска компанија за производство на генерички лекови Actavis ја купува ирската Warner Chilcott за пет милијарди долари во замена за акции, без плаќање во готово.
Ова е првиот крупен чекор на Мариса Мајер како извршен директор на Yahoo. Таа се одлучи да купи социјална мрежа со помлада публика што Yahoo очајнички ја посакуваше во последните неколку години.
Корисниците на gmail отсега ќе можат да прикачат пари во електронска порака, исто како што прикачуваат фотографија или документ, информираат од Google.
Турскиот аеродромски оператор ТАВ изјави дека и официјално ја презема изградбата и дизајнот на терминалот на меѓународниот аеродром Крал Калед во Ријад, Саудиска Арабија.
Во фабриките една смена обично трае од 10 до 12 часа, а просечната плата во оваа индустрија е околу 38 долари месечно, иако повеќето добиваат само по 19 – 26 долари.
Јазот меѓу богатите и сиромашните е најголем во САД, Турција, Мексико и Чиле, а Ирска, Словенија, Норвешка и Данска се најизедначени општества.
Вкупната пазарна вредност на Тојота изнесува 167 милијарди евра, надминувајќи го гигантот - производител на Galaxy и на таблети, чија вредност е 154 милијарди евра.
Компјутерите во Меѓународната вселенска станица, наместо Windows XP наскоро ќе почнат да го користат Linux оперативниот систем, во обид да се подобри нивната стабилност.
Француската компанија Danone, сопственикот на водата Евиан и брендот јогурти Активиа, објави дека купува 92% од капиталот на американската компанија за производство на органска храна за бебиња, Happy Family.
Новата технологија која нема да биде подготвена за комерцијалниот пазар до 2020 година, ќе го забрза преносот на податоци и за неколку стотици пати за разлика од технологијата 4G LTE.
своите производи на деца помлади од 12 години, пренесува Wall Street Journal. Од компанијата најавија и дека на сите светски пазари ќе извади пијалоци без или со ниско количество на калории.
Кралската австралиска ковачница направи сребрена паричка во вредност од 5 долари, како и специјална монета од 20 центи, кои денес беа официјално претставени во Парламентот.