Компанијата Microsoft сопшти дека Hotmail во целост ќе биде заменет со Outlook, со што тој ќе стане неговиот официјален сервис за мејлови.
Германскиот произведувач на автомобили BMW ќе повлече околу 750.000 автомобили ширум светот поради потенцијални проблеми со електрониката, соопшти портпаролот на компанијата, пренесува Ројтерс.
Според резултатите на новата студија на Brand Finance, изненадувачки, пред Coca Cola и Google, најмоќниот бренд во светот е Ferrari.
Разговорите за воспоствавување Северно - атлантски договор за слободна трговија или TAFTA би требало да започнат уште оваа година. Со создавање на најголем светски трговски блок треба да се поттикне економскиот раст меѓу главните трговски партнери.
По неуспешниот обид да го купи Facebook за една милијарда долари и пропуштената шанса за бизнис со Flicker, Yahoo не направи ништо посебно кога се социјалните мрежи во прашање.
Милијардерот Ворен Бафет го купи американскиот гигант за производство на храна Heinz за 28 милијарди долари. Конгломератот Berkshire Hathaway на Бафет и инвестициската компанија 3G Capital постигнаа договор за купување на најпознатиот произведувач на кечап.
Компанијата Blackberry соопшти дека својот нов производ, мобилниот телефон Z10 нема да го продава во Јапонија. Со овој потег најави и повлекување од оваа земја.
Њујорк Тајмс минатата година за прв пат остварил поголеми приходи од своите читатели, односно од продажба на печатените и онлајн изданијата, отколку од маркетингот.
Авиокомпаниите US Airways и АМR се се поблиску до договор за спојување вреден 11 милијарди долари, а официјалната објава би можела да се случи во рок од една недела, пренесува Ројтерс.
Рено повика преку 60.000 сопственици на возилата Кoleos во Кина да дојдат во овластените сервиси поради детектирани проблеми со сензорите кои го следат нивото на гориво.
Американскиот дизајнер Марк Џејкобс ќе ја има улогата на креативен директор на Diet Coke за 2013 година.
На листата 50 најиновативни земји во светот, објавена од агенцијата Блумберг, Македонија е поместена на 48-то, а Хрватска на 34-то место.
Според најавите, американското министерство за правосудство денес ќе поднесе тужба против рејтинг агенцијата Standard & Poor’s поради можни незаконитости при одредување на кредитниот рејтинг на второкласни и други хипотекарни обврзници.
Австралискиот регулатор за заштита на пазарна конкуренција ја тужеше компанијата Visa поради наводна злоупотреба на доминантната позиција на пазарот. Visa е обвинета дека на потрошувачите им оневозможила при трансакциите да користат валути по сопствен избор.
Во оваа бројка се вклучени двојни профили, погрешно класифицирани и несакани профили, како и оние каде што корисниците намерно се идентификуваат под туѓо име.
Бил Гејтс даде интервју во емисијата Colbert Report, на водителот Стивен Колберт, во кое призна дека никогаш не бил “кул” како Стив Џобс.
Генералниот директор на италијанскиот произведувач на автомобили Фиат, Серџо Маркионе изјави дека неговата компанија и американски Крајслер ќе се обединат во 2014 година.
Американскиот издавач Time Inc. ќе отпушти околу 500 работници, што е скоро 6% од сите вработени и е најголем бран отпуштања од 2008 година досега.
Купувањето на облека во продавниците е многу важно за брендот и затоа компанијата нема намера да лансира е-трговија во скоро време, изјави модниот претседател на CHANEL Бруно Павловски во интервју за агенцијата Bloomberg.
Поради проблеми со воздушните перничиња, од САД, Јапонија, Мексико и Канада се повлекуваат Corolla и Corolla Matrix модели произведени во периодот декември 2001 до мај 2004.
Францускиот магазин France Football предизвика бурни реакции со текстот објавен на 20 страници, во кој го обвинува Катар дека го купил Светското првенство во фудбал 2022 година.
Со завршувањето на тенискиот турнир во Мелбурн изминатиов викенд, познатиот француски моден бренд Lacoste го продолжи својот договор со Tennis Australia на уште пет години соработка.
Според извештајот што го објави Global Web Index, Google+ во моментов се наоѓа на второто место на листата најпопуларни друштвени мрежи, според бројот на корисници.
Јапонските власти сметаа дека батериите се причина за проблемите во дримлајнерите што ги поседува јапонскиот авиопревозник. Сега вниманието е насочено кон електричниот систем што го регулира полнењето, напонот и температурата на батеријата.